Линкови за пристапност

Бајден: САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина „се додека тоа е потребно“


Американскиот претседател Џо Бајден во интервју за CBS News емитувано во неделата вечерта рече дека Украина, со помош на Соединетите Држави и другите сојузници, како и „неверојатната храброст и неверојатната решителност на украинскиот народ“ не ја губи војната.

Бајден рече дека победата во војната значи „целосно извлекување на Русија од Украина“ и признавање на суверенитетот на Украина.

Запрашан за воената и хуманитарната помош што Соединетите држави и ја дадоа на Украина, Бајден рече дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина „се додека тоа е потребно“.

XS
SM
MD
LG