Линкови за пристапност

Нема договор за цената на струјата што ќе се купува Бугарија


На состанокот на двете работни групи во Софија се договара и начинот и цената на транспорт на базната струја која ќе ја купуваме од Бугарија. За електричаната енергија која што ќе биде испорачана од Бугарија веќе има побарувања од бизнис заедницата и најголемите индустриски капацитети, од кои дел веќе ги изгаснаа погоните поради високите сметки за потрошена струја, како и Јавните комунални претпријатија

СОФИЈА – Работните групи од Северна Македонија и Бугарија денеска не постигнаа договор околу цената по која ќе се откупува струјата во наредните неколку месеци за да се ублажи ценовниот шок и недостатокот. На денешната средба во Софија, прва од овој формат на работни групи, треба да се прецизираат трошоците и цената на транспортот на базната струја односно евентаулниот закуп на прекуграничните капацитети кај нашиот сосед.

Македонската делгација ја водат директорите на ЕСМ и МЕПСО, Васко Ковачевски и Орхан Муртезани како и Виктор Андонов, советник на премиерот Димтар Ковачевски. Според неофицијалните ифнромации во текот на наредната недела ќе се одржи уште една средба на работните групи а тоа се должи на фактот што договор мора да се постигне до крајот на месецот.

Проблемот околу цената по која ќе се купува струјата од Бугарија е што оваа држава е членка на ЕУ каде важат стриктни регулативи за продажба на електрична енергија на слобдниот пазар. Според неофицијалните инфромации нашата делегација очекува да добие цена пониска за најмалку 15 отсто од онаа во моментот на берзата или некаде под 400 евра за мегават час.

Договорот за помош со електрична енергија начелно беше постигнат на 5 септември кога во Софија се сретнаа премиерот Ковачевски и неговиот бугарски колега Галаб Донев. Иако на заедничката прес конференција премиерите не соопштија прецизни информации ли детали, потврдија дека станува збор за количина од околу 5 гигавати дневно кои Северна Македонија би ги купувала од Бугарија.

Исто така Бугарија понуди и помош при транспортот на природен гас низ нивниот ситем и складирање во нивнте капацитети до испорака во Северна Македонија.

За електричаната енергија која што треба да испорачана од Бугарија веќе има побарувања од повеќе страни. Бизнис заедницата и најголемите индустриски капацитети, од кои дел веќе ги изгаснаа погоните поради високите сметки за потрошена струја, се први на листата а со исто барање се јавија и Јавните комунални претпријатија кои се соочуваат со банкротирање исто така поради сумите кои на месечно ниво ги плаќаат за потрошена електрична енергија

Во вторникот пак падна договор и со Грција за непречено снабдување со неопходните енергенси за производство на електрична енергија – јаглен, лигнит и мазут, повторно на средба на премиерско ниво, Ковачевски – Мицотакис. Клучно е што и доколку во Грција се донесе евентуална забрана за извоз на овие енергенси таа нема да важи за Македонија.

XS
SM
MD
LG