Линкови за пристапност

Берлин ја презеде контролата врз германското работење на руската нафтена компанија „Роснефт“

Според АП, германските подружници на Роснефт, кои сочинуваат околу 12 отсто од капацитетот за рафинирање нафта во земјата, се ставени под управа на Федералната агенција за енергетски мрежи, се вели во соопштението на Министерството за економија.

Берлин во петокот ја презеде контролата врз германското работење на руската нафтена компанија „Роснефт“ за да обезбеди снабдување со енергија што беше прекинато откако Москва ја нападна Украина, објави Асошиејтед Прес.

Според АП, германските подружници на Роснефт, кои сочинуваат околу 12 отсто од капацитетот за рафинирање нафта во земјата, се ставени под управа на Федералната агенција за енергетски мрежи, се вели во соопштението на Министерството за економија.

„Управувањето со доверба ќе се спротивстави на заканата за безбедноста на снабдувањето со енергија“, се вели во извештајот.

Запленувањата доаѓаат додека Германија се обидува да се одвикне од зависноста од руските фосилни горива. Москва ја прекина испораката на природен гас за Германија преку гасоводот Северен тек 1.

Овој потег ги опфаќа компаниите Rosneft Deutschland GmbH (RDG) и RN Refining & Marketing GmbH (RNRM) и со тоа нивните соодветни акции во три рафинерии: PCK Schwedt, MiRo и Bayernoil.

Стравувањата беа зголемени особено за PCK Schwedt, кој е блиску до полската граница и испорачува околу 90 отсто од нафтата што се користи во Берлин и околниот регион, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром Берлин-Бранденбург.

XS
SM
MD
LG