Линкови за пристапност

Флорида и Тексас со авиони и автобуси префрлаат мигранти во Вашингтон и Бостон


Гувернерите на Тексас и Аризона испратија илјадници мигранти со автобуси во Њујорк, Чикаго и Вашингтон во последниве месеци.
Гувернерите на Тексас и Аризона испратија илјадници мигранти со автобуси во Њујорк, Чикаго и Вашингтон во последниве месеци.

Републиканските гувернери ја проширија својата тактика на испраќање мигранти во демократските упоришта без предупредување, вклучително и монденско одмаралиште во Масачусетс и домот на потпретседателката Камала Харис во Вашингтон.

Гувернерите на Тексас и Аризона испратија илјадници мигранти со автобуси во Њујорк, Чикаго и Вашингтон во последниве месеци, но најновите потези - кои вклучија два ненадејни летови до Мартас Вињард, платени од Флорида - достигнаа ново ниво што критичарите го исмејуваа како нехумано.

По пристигнувањето во Мартас Вињард, каде што поранешниот претседател Барак Обама има дом, на мигрантите кои се претежно од Венецуела им беа обезбедени оброци, засолниште, здравствена заштита и информации за тоа каде да најдат работа.

Островот за одмор на побогатите, јужно од Бостон, чии жители преку целата година вклучуваат многу работници, се чини дека ги апсорбира десетици пристигнувања без проблем.

Адвокатите за граѓански права, со седиште во Бостон, рекоа дека обезбедуваат бесплатни правни услуги и истражуваат дали гувернерот на Флорида можеби ги прекршил законите за трговија со луѓе доколку се покаже дека некои мигранти биле испратени против нивна волја или измамени да се качат на летовите.

XS
SM
MD
LG