Масовна гробница со повеќе од 440 тела е откриена во Изум, во североисточна Украина, каде што руските сили беа истерани пред само неколку дена, соопштија украинските власти.
„Можам да кажам дека тоа е едно од најголемите погребни места во голем град во ослободените области.. 440 тела биле закопани на едно место“, изјави за Скај, Серхи Болвинов, главен полициски истражител за регионот Харков, пренесе Ројтерс.
„Некои загинале од артилериски оган ... некои загинале при воздушни напади“, изјави Болвинов.
Украинската контраофанзива ги потисна руските војници од регионот минатиот викенд.
Украинските власти соопштија дека војниците оставиле зад себе големи количини муниција и опрема, објави Ројтерс.
Ројтерс не можеше веднаш да го потврди тврдењето на Украина и немаше потврда од Русија за ова тврдење.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој во средата го посети неодамна освоениот град, рече дека Русите се одговорни.
Тој го спореди откритието во Изум со сличен настан во Буча, предградие на главниот град Киев, за време на раните фази на инвазијата на крајот на февруари од страна на Русија.