Американски федерален судија Ејлин Канон, откри дополнителни делови од правниот документ што ФБИ го достави со кој ги оправдува своите причини да обезбеди налог за претрес на имотот на поранешниот претседател Доналд Трамп во Мар-а-Лаго во Флорида, како дел од истрагата за неговото справување со доверливи документи откако замина од Белата куќа во јануари 2021-ва.
Делови од заклетвата што беа незапечатени во вторникот покажуваат дека истражителите на 24 јуни ѝ доставиле на Организацијата Трамп, компанијата на поранешниот претседател, барајќи каква било видео снимка и фотографии од надзорните камери лоцирани во близина на складиштето во одморалиштето каде има десетици кутии со класифициран материјал. Во изјавата се вели дека Организацијата Трамп на 6 јули му предала хард - диск со снимката од надзорот како одговор. ФБИ изврши налог за претрес во Мар-а-Лаго на 8 август, при што беа запленети речиси 13.000 предмети, вклучително и повеќе од 100 доверливи записи.
ФБИ истражува неколку можни кривични дела во врска со задржувањето на претседателските досиеја од страна на Трамп, вклучително и потенцијално прекршување на Законот за шпионажа и попречување на правдата.
Истрагата на ФБИ доживеа неуспех минатата недела откако федерален судија нареди да се назначи специјална заштита и привремено им забрани на агентите да ги користат записите, вклучително и доверливи документи.
Одделот за правда соопшти дека ќе се жали на одлуката.