Линкови за пристапност

Се гледа ли крајот на соработката меѓу градоначалничката на Скопје и ВМРО-ДПМНЕ?


Градоначалничката на Скопје и ВМРО-ДПМНЕ по различни патишта
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:49 0:00

Градоначалничката на Скопје и ВМРО-ДПМНЕ по различни патишта

Почетокот на раздорот со отказите за неколку директори на клучни градски претпријатија, кадри на ВМРО-ДПМНЕ кои Данела Арсовска ги подели, кулминираше денеска со јасно дистанцирање на партијата на Мицкоски од градоначалничката и испорачаните серија критики за нејзиното работење.

„Можам да кажам дека не сме задоволни од досега сработеното од градоначалничката и сметаме дека малку е реализирано, а може и повеќе да испорачаат повеќе резултати. Поддршката која и ја даваме на Арсовска се темели на приннципи и ние ќе ја повлечеме кога тие принципи не се почитуваат. Тоа значи дека ќе имаат поддршка само политиките за Модерно Скопје, но и ќе го задржиме правото да бидеме нејзин жесток критичар.“, изјави Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

Денеска ВМРО-ДПМНЕ преку соопштенија пренесе дека оставки поднеле директорите на „Градски паркинг“ и „Дрисла“. И двајцата како обраложение за чекорот ја наведуваат неможноста за соработка и комуникација со градоначалничката.

„Поради незаинтересираноста на првиот човек на градот за потребите на скопјани и градски паркинзи, како и поради драстично намалената поддршка на проектите кои со сопствени средства ги реалираме денес, поднесувам неотповиклива оставка од позицијата вд директор на ЈП Градски паркинг – Скопје“, напиша Бојан Христовски.

„Морам да го истакнам немањето на координација и достапност со градоначалничката Арсовска и покрај бројните мои обиди тоа да биде сменето. Во такви едни услови сметам дека првенствена задача за еден градоначалник не смее да биде личната пресметка и хајка кон поединци… Поради тоа се повлекувам од `Дрисла`“, беше образложението на Јане Мицевски.

Арсовска пак, има поинаква верзија.

„Поради несоодветно работење, неиспорачување резултати и непочитување на насоките на Градот Скопје, директорите добија понуда да си дадат оставка или да бидат разрешени“, напиша Арсовска на фејсбук.

Со Арсовска не се согласува советничката група на ВМРО-ДПМНЕ која тврди дека „оставките на директорите се последица на паниката на градоначалничката дека никој не сака да соработува со неа која очигледно не е способна да донесе резултати кои ги вети“.

Веќе одреден период имаше информации дека односите меѓу Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се далеку од добри. Дека има големи проблеми се виде вчера откако градоначалничката го разреши директорот на „Водовод“ и генералниот секретар на Град Скопје, двајцата кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска упадна на прес-конференција на веќе разрешениот прв човек на „Водовод“ и јавноста имаше можност да ја види сериозноста на конфликтот...

XS
SM
MD
LG