Линкови за пристапност

Грчки јаглен и мазут за амортизирање на енергетската криза во Северна Македонија


Непречено снабдување со овие два енергенси е договорот кој беше постигнат на денешната средба на премиерите Ковачевски и Мицотакис

АТИНА – Непречено снабдување со јаглен, мазут и лигнит од Грција е договорот по средбата на премиерот Димитар Ковачевски со неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис. Испораката на енергенси неопходни за континуирано максимално искористување на домашните капацитети за производство ќе биде до крајот на оваа година и почетокот на идната а клучно е што доколку Грција одлучи да го ограничи или забрани извозот на овие енергенси таквата одлука за Северна Македонија нема да важи.

„Снабдувањето со лигнит и јаглен којшто доаѓа од рудниците во Грција ќе се одвива непречено во текот на целиот период, четвртиот квартал оваа година и првиот квартал идната година, со што ќе можат да бидат ставени во непречено функционирање производствените капацитети на јаглен во РЕК „Битола“ и во РЕК „Осломеј“.Постигнавме договор за непречено снабдување со мазут преку Грција како што и досега имавме снабдување со цел непречено да може да функционира ТЕЦ „Неготино““, рече премиерот Ковачевски по средбата.

Премиерот Ковачевски ја истакна важноста на постигнатиот договор со Грција во период кога во цела Европа се јавува недостиг на овие енергенси.

„Ние имаме веќе отворено постапки за набавка на суровини за производство наелектрична енергија и тие се прават во континуитет. Цените се економски бидејќи се работи за слободен пазар. Не можеме да кажеме дали се направени подоцна или порано договорите бидејќи некои веќе се направени а анекои се во фаза натендерирање, но јасно е дека и за идната година ќе треба да се прават договори“, објасни Ковачевски.

На средбата премиерите разговарале и за изградбата на гасоводот преку Грција, интерконекторот Евзони до Северна Македонија, односно до Неготино за која се планира да почне до крајот на годината. Исто така тема на разговорите бил и проектот „Чебрен“каде како инвеститор се јави грчката компанија „ППС“.

„ Најавена е инвестиција од грчки инвеститор - голема гасна централа со капацитет до 200 мегавати. Веќе се почнати анализи и штом ќе завршат ќе може оваа инвестиција како стратешка да биде претставена пред Владата и Собранието. Со оваа инвестиција ќе се обезбеди дополнителни количини електрична енергија како за Северна Македонија така и за регионот“, информираше Ковачевски.

Официјална Атина ја потенцираше грчката поддршка за патот на Северна Македонија кон ЕУ и во однос на енергетската криза.

„Би сакал да повторам дека Грција е подготвена да ја поддржи Северна Македонија во овие толку тешки времиња. И верувам дека е во взаемен интерес остварување на инвестиции на грчки компании во Северна Македонија со цел да ги поврземе нашите инфраструктури на таков начин што ќе доведе до зголемување на енергетските врски меѓу нашите земји“, изјави грчкиот премиер Мицотакис.

Од кабинетот на Ковачевски нема информација дали е постигнат договор за пренос на вбазната струја од Бугарија за кој е неопходна грчката мрежа.

Ова е втор ваков договор кој Северна Македонија го постигна со соедните држави. Минатата недела во Софија, Ковачевски и бугарскиот премиер Галаб Донев се договорија за непречена испорака на 5 гигавата струја дневно во случај на потреба и користење на бугарската мрежа за пренос но сеуште се работи на прецизирање на цената по која ќе се откупува струјата од Бугарија.

XS
SM
MD
LG