Претседателот на САД Џо Бајден ги повика Американците да се обединат околу нова „национална цел“ - напорите на неговата администрација да стави крај на ракот.
Во Претседателската библиотека и музеј Џон Ф.Кенеди, Бајден го спомна познатиот говор на Кенеди од пред 60 години, споредувајќи ја вселенската трка на Кенеди со неговите напори.
„Тој воспостави национална цел што можеше да го собере американскиот народ“, рече Бајден за вселенските напори на Кенеди.
Бајден се надева дека ќе ги приближи САД до целта што ја постави во февруари за намалување на смртноста од рак во САД за 50 отсто во следните 25 години и драматично ќе го подобри животот на старателите и оние кои страдаат од рак.
Експертите велат дека целта е остварлива, но со соодветни инвестиции.
Претседателот ја нарече својата цел за развој на третмани и терапевтски средства за ракот „храбра, амбициозна и можам да додадам, целосно остварлива“.
Во својот говор, Бајден го повика приватниот сектор да ги направи лековите и податоците подостапни.
Тој ги забележа можните медицински достигнувања со фокусирано истражување, финансирање и податоци.
Извор: Ројтерс