Линкови за пристапност

САД и Мексико ќе работат на намалување на илегалната миграција, рече Блинкен


Мексико е меѓу трите најголеми трговски партнери на САД, a пред пандемијата, беше вториот по големина извозен пазар во САД во 2020 година
Мексико е меѓу трите најголеми трговски партнери на САД, a пред пандемијата, беше вториот по големина извозен пазар во САД во 2020 година

Американскиот државен секретар Eнтони Блинкен се сретна со мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопес Обрадор за да ги поправи односите меѓу двете соседни земји кои се нарушија поради имиграцијата и други прашања.

„Разговаравме за заедничките напори за справување со нерегуларната миграција во Америка, вклучително и преку хумани политики за управување со границите и преку проширување на правните патишта“, рече Блинкен за време на прес-конференцијата.

„Се осврнавме на основните причини за миграцијата, нешто за што Мексико и САД соработуваат на начини на кои не сме виделе досега“, додаде Блинкен, кој зборуваше заедно со високи мексикански функционери.

Американскиот секретар за трговија Џина Раимондо и заменик- трговскиот претставник Џејм Вајт го придружуваа највисокиот американски дипломат во Мексико Сити на економски разговори на високо ниво.

Мексико е меѓу трите најголеми трговски партнери на САД. Пред пандемијата на коронавирус, Мексико беше вториот по големина извозен пазар во САД во 2020 година.

Американските власти велат дека приливот на илегални имигранти кои ја преминуваат границата меѓу САД и Мексико создал тензии во САД.

Во последниве месеци, сојузната држава Тексас испрати илјадници мигранти со автобуси во Њујорк и Вашингтон, велејќи дека овој потег е потребен за да се олеснат преоптоварените погранични заедници.

XS
SM
MD
LG