Линкови за пристапност

Влатко Андоновски: Очекувањата - да го освоиме првото место на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд


За инвестирањето во женскиот фудбал: “Ме радува фактот што многу се инвестира во женскиот фудбал, во женските репрезентации, и се надевам дека многу брзо ќе видиме успех“, додава Андоновски.
За инвестирањето во женскиот фудбал: “Ме радува фактот што многу се инвестира во женскиот фудбал, во женските репрезентации, и се надевам дека многу брзо ќе видиме успех“, додава Андоновски.

Македонскиот стручњак Влатко Андоновски како селектор на женската фудбалска репрезентација на САД, која е двократен светски шампион, вели дека освојувањето на првото место и натаму е императив за една од најсилните фудбалски сили.

Неговиот тренерски подем почнува во 2013-та со формирањето на клубот Канзас Сити, а Меган Рапиноу, една од најдобрите фудбалерки, го опишува како тактички мајстор, кој лесно се прилагодува, кога е неопходно и притоа има одличен однос со играчите.

45 годишниот харизматичен Скопјанец Влатко Андоновски кој повеќе од 20 години живее во Канзас е на чело со женската фудбалска репрезентација на САД - не ги сокрива големите очекувања за Мундијалот во женски фудбал, коишто треба да се одржи идната година во Нов Зеланд и Австралија.

„Очекувањата за нашата репрезентација е да се биде прво место, не само затоа што тоа се очекувања на домашната јавност, туку тоа се очекувања на овој тим, мои лични очекувања, туку и очекувања од Фудбалската федерација, вели Андоновски.

Запрашан, како одговара на критиките од спортските новинари во САД дека се уште го формира столбот на репрезентацијата и стандардните 11- фудбалерки, Андоновски одговара дека се прави плански, се анализираат комбинаторики, се повикуваат нови играчи да ја освежат играта.

Сега, како што се наближува Светското првенство, стартните 11 играчи ќе бидат подефинирани, и со постандардни, ќе играме од еден на друг натпревар, смета селекторот на САД.

Неговите тактики имаат резултати. Видливо на последниот пријателски меч во главниот град Вашингтон, кога САД ги совладаа Нигерија со 2:1, во игра, во која целосно доминираа Американките.

Тој ја извои фудбалерката Алекс Морган, за која, вели дека е мотиватор, не само на зелениот терен.

„Таа е жива легенда во фудбалот, особено во женскиот фудбал во САД. Има освоено се што може еден играч да освои - Светски првенства, Олимпијади, индивидуални награди. Таа е играч од светска класа“, вели Влатко.

Правејќи споредба со развојот на женскиот фудбал во Македонија, вели дека и таму има квалитет, но културата и менталитетот е поинаква и подоцна е почнат да се развива овој спорт отколку во Америка, но резултатот ќе дојде.

„Ме радува фактот што многу се инвестира во женскиот фудбал, во женските репрезентации, и се надевам дека многу брзо ќе видиме успех“, додава Андоновски.

Не се чувствува ниту како странец кој ја преводи една од најсилните репрезентации во светот во фудбалот, туку напротив - ужива во предизвикот.

„Мора да кажам дека досега не сум осетил било какви негодувања од било која страна, затоа што пристапот мора да биде професионален, а квалитетот се цени“, коментира Андоновски.

Вели, дека фаворити му е се САД, при што за Гласот на Америка, откри дека ќе биде дел од Стручниот штаб и на машката репрезентацијата за Мундијалот во Катар. Иако македонската репрезентација не се пласираше на Светското првенство, Андоновски смета дека се работи за одлична генерација на фудбалери, чие време допрва доаѓа.

Засега, вели Влатко, единствен фокус му е репрезентацијата на САД, но не исклучува ниту враќање во клупскиот фудбал.

XS
SM
MD
LG