Линкови за пристапност

Кралот Чарлс Трети, во првото обраќање вети „доживотна служба“


ЛОНДОН (АП) - Кралот Чарлс Трети во својот прв говор како монарх во петокот вети дека ќе ја продолжи „доживотната служба“ на кралицата Елизабета Втора со свој модернизационен печат.

Чарлс, кој помина голем дел од своите 73 години подготвувајќи се за улогата на крал. Тој го презема тронот во ера на немир и за неговата земја и за самата монархија.

Тој зборуваше за неговата „длабока тага“ поради смртта на неговата мајка, нарекувајќи ја „инспирација и пример за мене и за целото мое семејство“.

„Како што самата кралица направи со таква непоколеблива посветеност, јас, исто така, сега свечено се обврзувам, во текот на преостанатото време што ми го дава Бог, да ги поддржувам уставните принципи во срцето на нашата нација“, рече тој.

Говорот на кралот беше емитуван на телевизија и проследен во катедралата Свети Павле, каде што околу 2.000 луѓе присуствуваа на службата за кралицата.

И додека земјата ја започнува 10-дневната жалост, луѓето ширум светот се собраа во британските амбасади за да и оддадат почит на кралицата, која почина во четвртокот во замокот Балморал во Шкотска по 70 години поминати на тронот.

Во Лондон и на воените локации низ Обединетото Кралство, беа испукаа 96 истрели од огнено оружје, 16-минутен поздрав, одбележувајќи ја секоја година од животот на кралицата.

XS
SM
MD
LG