Линкови за пристапност

Охајо ѝ честиташе на Македонија 31 година независност


Гувернерот на Охајо Мајк Девајн ѝ честиташе на Македонија 31 година независност.

Во прокламацијата се вели дека Денот на независноста ќе се прослави со церемонија и фестивал во две македонски православни цркви во сојузната држава.

Во Охајо денес живеат над 100.000 Американци со македонско потекло, меѓу кои браќата кои во 1992 година, користејќи го рецептот на нивните родители и баби и дедовци, го направија популарниот сос Синсинати чили.

Денес, традиционално, беше кренато и македонското знаме на Вол Стрит во Њујорк.

И државниот секретар на САД Ентони Блинкен денес ѝ честиташе на државата 31 година независност.

„Единството во Европа и стремежот кон нашите демократски вредности се поважни сега од кога било. САД ќе продолжат да го поддржуваат нашиот сојузник, Северна Македонија на нејзиниот европски пат во годините што следат. Нашите земји споделуваат демократски вредности и посветеност на човековите права кои стојат цврсти пред глобалните предизвици“, рече тој.

XS
SM
MD
LG