Линкови за пристапност

Иранските дипломати ќе ја напуштат Албанија по наредбата за протерување


ТИРАНА, Албанија (АП) - Персоналот на иранската амбасада во Тирана работеше цела ноќ откако добија 24 часа да ја напуштат земјата поради големиот сајбер напад за кој албанската влада го обвинува Иран.

Тоа е прв познат случај на земја што ги прекина дипломатските односи поради сајбер напад.

Движењето во иранската амбасада во Тирана продолжи без престан од средата до четвртокот. Беше забележано празно буре внесено во комплексот, а подоцна во него избувна пожар, при што очигледно беа изгорени документи. Дипломатски автомобил влегувал и излегувал, додека албански полицаец комуницирал со амбасадата пред двајца полицајци да влезат и да заминат по неколку минути.

Персоналот има рок до денес напладне да ја напушти Албанија.

На 15 јули, со сајбер напад привремено беа затворени бројни дигитални сервиси и веб-страници на албанската влада. Премиерот Еди Рама во средата рече дека има „непобитни докази“ дека иранската влада стои зад нападот.

САД го поддржаа потегот на Албанија, членка на НАТО, и ветија неодредена одмазда против Иран за, како што го нарече „вознемирувачки преседан за сајбер просторот“.

Иран го осуди протерувањето на дипломатите, нарекувајќи ја акцијата непромислена и кусогледа, според иранската државна телевизија.

Во соопштението, иранското Министерство за надворешни работи негираше дека Техеран стои зад каков било сајбер напад врз веб-страниците на албанската влада.

Врските меѓу Иран и Албанија се напнати од 2014 година кога Албанија засолни околу 3.000 членови на иранската опозициска група Муџахедин-е-Калк, или МЕК, кои го напуштија Ирак.

Во јули, МЕК планираше да го одржи Светскиот самит на Слободен Иран во Манез, западно од Тирана, со американски пратеници меѓу поканетите. Состанокот беше откажан „од безбедносни причини и поради терористички закани и заговори“.

Во два одвоени случаи во 2020 и 2018 година, Тирана протера четворица ирански дипломати поради „загрозување на националната безбедност“.

XS
SM
MD
LG