Линкови за пристапност

Мицкоски ја достави иницијативата за референдум, побара и предвремени избори во пакет


Лидерот на опозицијата повика на семакедонско обединување, масовен одзив и гласање „ЗА“. Претседателот Пендаровски денеска го повтори својот став кој не поддржува реферндум бидејќи со поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија ќе се запре европската интеграција на државата



СКОПЈЕ – Лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, денеска напладне во Државната изборна Комисија (ДИК) ја достави инцијативата за референдум на кој граѓаните би се изјасниле дали се „ЗА“ или „ПРОТИВ“ Договорот за пријателство добрососедство и соработка со Бугарија односно дали ќе опстои или ќе се укине.

Тој повторно повика на обединување на сите партии и етнички заедници при собирањето на неопходните 150 илјади потписи како и за масовен одзив и гласање „ЗА“ доколку референдумот се спроведе.

Референдумското прашање, на иницијативата која е поднесена гласи – „Дали сте за престанок на важењето на Законот за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Репувблика Македонија и Република Бугарија“.

„ Ја користам оваа прилика да ги повикам сите политички партии, да ги повикам граѓаните без разлика на нивната етничка припадност и нивната политичка определба, да ги повикам партиски неопределените, ја користам оваа прилика да ги повикам буквално сите поединци да се обединат на едно општествено семакедонско обединување и да застанат против тоа кое што претставува главен проблем на нашата европска интеграција – Договорот со Бугарија. Затоа кога ќе се случи овој референдум да излезат масовно и да гласаат „ЗА““, рече Мицкоски пред просториите на ДИК и одаде дека очекува опструкции од владеачката коалиција.

Во 14 часот во просториите на Општинската изборна комисија во Карпош тој го стави првиот потпис на иницијативата а во првите 100 потписи ќе бидат и сите пратеници од партијата и коалицијата.

Мицкоски најави дека реферндумот е одлична можност за одржување на предвремени избори во пакт.

„Одржувањето на референдумот е одлична можност заедно да организираме предвремени парламентарни избори на еден трошок. Ја повикувам власта да покаже демократски карактер и да ги потврди соите политики на предверемни парламентарни избори“, рече Мицкоски.

Претседателот Стево Пендаровски, днеска го повтори својот став кој не поддржува реферндум бидејќи со поништување на Договорот за добрососедство со Бугарија ќе се запре европската интеграција на државата.

„Ако вие го оспорувате или се обидувате да го оспорите преку референдум Договорот за пријателство со Бугарија, нема европски интеграции, нема ни преговори. Исто како некој да ви каже дека на референдум може да го оспорите Договорот од Преспа и да останете членка на НАТО. Не е можно. Да немаме илузии. Билатералните договори со соседите во ЕУ се еден од клучните предуслови, секогаш и биле за интеграција на било која држава не само одо овој регион туку од целиот пост комунистички свет“, рече претседателот Пендаровски.

ДИК во наредниот период треба да ја достави иницијативата до претседателот на Собранието, Талат Џафери, а потоа да продолжи до двете собраниски комисии - законодавно-правната и таа за политички систем кои треба да утврдат дали е уредна.

За да се распише задолжителен референдум, законите предвидуваат собирање на 150.000 потписи, а за да биде успешен треба да излезат да гласаат над 910.000 граѓани и 50 отсто плус еден глас да гласаат „ЗА“.

XS
SM
MD
LG