Линкови за пристапност

Путин вели дека војната во Украина ќе ја зајакне Русија


Ова на крајот ќе доведе до зајакнување на нашата земја одвнатре и во нејзината надворешна политика, рече денес рускиот претседател говорејќи на економски форум
Ова на крајот ќе доведе до зајакнување на нашата земја одвнатре и во нејзината надворешна политика, рече денес рускиот претседател говорејќи на економски форум

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека неговата земја не изгубила ништо од воената операција во Украина и дека го зајакнала суверенитетот на Русија.

Говорејќи на економски форум, Путин рече дека сите активности на Русија „се насочени кон помагање на луѓето од Донбас“.

„Ова на крајот ќе доведе до зајакнување на нашата земја одвнатре и во нејзината надворешна политика“, рече Путин.

Русија ја нападна Украина кон крајот на февруари и откако се откажа од заземање на украинскиот главен град Киев, ги насочи своите воени напори во регионот Донбас во источна Украина, каде што проруските борци се борат со украинските сили од 2014 година.

Путин, исто така, го критикуваше договорот постигнат со посредство на Обединетите нации и Турција со кој се рестартираа украинските пратки со жито во услови на глобална криза со храна, велејќи дека извозот не оди во најсиромашните земји во светот.

Заедничкиот координативен центар, кој го надгледува спроведувањето на договорот, рече дека од вчера околу 100 бродови со жито и други прехранбени производи ги напуштиле украинските пристаништа, а дестинациите ги вклучуваат Италија, Турција, Иран, Кина, Романија, Џибути, Германија и Либан.

Михаило Подољак, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, за Ројтерс изјави дека руските коментари за договорот се „неочекувани“ и „неосновани“.

XS
SM
MD
LG