Линкови за пристапност

Бајден утре ќе го открие портретот на Обама во Белата куќа


Американскиот претседател Џо Бајден ќе биде домаќин на поранешниот претседател Барак Обама и првата дама Мишел Обама за откривањето на нивните официјални портрети во среда во Белата куќа.

Како долгогодишна традиција, актуелните лидери на САД го угостуваат својот претходник со откривање на портрет кој се додава во колекцијата на Белата куќа.

Поранешниот претседател Доналд Трамп не ја продолжи практиката за време на неговиот мандат, оставајќи го Бајден, кој беше потпретседател на Обама, да претседава со откривањето на портретите на Обама.

Колекцијата на Белата куќа датира од првиот лидер на земјата, претседателот Џорџ Вашингтон, и го вклучува секој претседател оттогаш. Многу од нив се изложени во ходниците и собите во Белата куќа.

Историската асоцијација на Белата куќа, која ги финансира портретите од 1965 година, вели дека неодамнешните лидери и први дами ги избираат сами уметниците за нивните портрети пред да ја напуштат функцијата, а потоа ги одобруваат делата пред да бидат додадени во колекцијата.

„Уметниците со портрети имаат за цел да го доловат секој уникатен изглед и личност, спојувајќи ја нашата претседателска историја преку овие индивидуални уметнички дела“, се вели на веб-страницата на здружението.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес.

XS
SM
MD
LG