Линкови за пристапност

Најмалку шест мртви во бомбашки напад, меѓу кои двајца вработени во руската амбасада во Кабул


Амбасадата на Москва во Кабул е во близок контакт со авганистанските специјални служби, кои покренаа истрага за инцидентот, соопшти руското Министерство за надворешни работи
Амбасадата на Москва во Кабул е во близок контакт со авганистанските специјални служби, кои покренаа истрага за инцидентот, соопшти руското Министерство за надворешни работи

Во експлозија денес во близина на влезот на руската амбасада во главниот град на Авганистан, Кабул, загинаа најмалку шест лица, меѓу кои и двајца вработени во дипломатската мисија.

„Неидентификуван терорист активирал експлозивна направа кога руски дипломат излегол надвор за да ги соопшти имињата на апликантите за виза кои стоеле во редот, објавија руските државни медиуми, цитирајќи го Министерството за надворешни работи и сведоци.

Судбината на дипломатот не беше веднаш позната.

Калид Задран, портпаролот на полицијата во Кабул, рече дека бомбаш-самоубиец го извршил нападот, но бил убиен од талибанските чувари пред да стигне до својата цел.

„Бомбашот имаше намера да се разнесе во толпата, но безбедносните сили го пресретнаа пред да стигне до целта, што ја предизвика експлозијата“, напиша Задран на Твитер.

Задран ја потврди смртта на четворица авганистански цивили, додавајќи дека во инцидентот се повредени најмалку 10 други.

Амбасадата на Москва во Кабул „е во близок контакт со авганистанските специјални служби, кои покренаа истрага за инцидентот“, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот колега од Таџикистан им оддадоа почит на жртвите во нападот во Кабул пред да започнат билатерални разговори во Москва.

XS
SM
MD
LG