Линкови за пристапност

Владата треба да отстранува, а не да прави пречки за работниците, рече Бајден


Претседателот, заедно со секретарот за труд Марти Волш, отпатува во Висконсин и Пенсилванија за да го одбележи Денот на трудот
Претседателот, заедно со секретарот за труд Марти Волш, отпатува во Висконсин и Пенсилванија за да го одбележи Денот на трудот

Претседателот на САД Џо Бајден денес отпатува во Висконсин и Пенсилванија за да учествува во одбележување на Денот на трудот.

Белата куќа соопшти дека Бајден при обраќањето ќе го истакне „достоинството на американските работници“.

Секретарот за труд Марти Волш ќе го придружува Бајден на настаните.

Претседателот вчера ја изрази својата поддршка за мерката во сојузната држава Калифорнија која ќе им даде на земјоделските работници проширени начини да гласаат на синдикалните избори.

„Владата треба да работи на отстранување, а не на поставување на бариерите за организирање на работниците. Но, на крајот работниците мора да направат избор дали да организираат синдикат“, рече Бајден.

Законодавниот дом на Калифорнија го одобри нацрт-законот, кој ќе им дозволи на работниците да гласаат во синдикатот по пошта.

Но, гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом се спротивстави на мерката во нејзината сегашна форма, при што портпаролот наведува загриженост дека системот не е тестиран и нема неопходни чекори за заштита на изборниот интегритет.

Понеделничкиот празник во чест на работниците во САД првпат беше прославен во 1894 година и вклучува паради и други настани во градовите низ целата земја.

Денот на трудот, исто така, претставува неофицијален крај на летото и почеток на учебната година за многу ученици.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес

XS
SM
MD
LG