Линкови за пристапност

Зголемените цени во ЕУ се последица на руската агресија врз Украинците, рече Кулеба


Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, изјави дека западните санкции предизвикуваат хаос за одржување на гасоводот Северен тек 1
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, изјави дека западните санкции предизвикуваат хаос за одржување на гасоводот Северен тек 1

Украина денес побара максимална поддршка на нејзините напори да ја победи Русија со цел да се избегнат економските последици врз европските сојузници, додека Русија повтори дека западните санкции се виновни за прекин на испораката на гас во Германија.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба рече дека руската „воена агресија врз Украинците, енергетската уцена против граѓаните на ЕУ“ се виновни за „зголемените цени и сметките за комунални услуги во земјите на ЕУ“.

„Решение: максимална поддршка за Украина за да го победиме Путин побрзо и тој повеќе да не ѝ штети на Европа“, напиша Кулеба на Твитер.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека западните санкции „предизвикуваат хаос“ за одржување на гасоводот Северен тек 1, кој рускиот енергетски гигант Газпром го затвори минатата недела, откако соопшти дека открил истекување на нафта.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс-прес

XS
SM
MD
LG