Линкови за пристапност

Бајден ќе ги открие портретите на Барак и Мишел Обама во Белата куќа


Од церемонијата на откривање на портретите на Џорџ и Лора Буш во 2012 година
Од церемонијата на откривање на портретите на Џорџ и Лора Буш во 2012 година

Оваа традиција на откривање портрети во Белата куќа беше прекината за време на Трамп, а почнала со првиот американски претседател Џорџ Вашингтон, чиј портрет тогаш го купил Конгресот

Помина повеќе од една деценија откако претседателот Барак Обама и неговата сопруга Мишел ги пречекаа Џорџ Буш и неговата сопруга Лора за откривањето на нивните портрети во Белата куќа, дел од вашингтонска традиција која со децении успеа да ја надмине поделената политика, објави Асошиетед прес.

Претседателот Џо Бајден и неговата сопруга Џил се подготвени да го оживеат овој ритуал, по годините на Трамп.

Тие в среда ќе бидат домаќини на Обама за откривање на нивните портрети пред голем број пријатели, семејството и персоналот.

Сликите на Обама нема да изгледаат како ниедна од портретите во Белата куќа, бидејќи тие беа првите црни претседател и прва дама на Америка.

Церемонијата ќе ја одбележи и првата посета на Мишел Обама на Белата куќа по завршувањето на претседателството на Обама во јануари 2017 година, а втора на Барак Обама.

Тој беше во Белата куќа во април за да ја одбележи 12-годишнината од законот за здравствена заштита што го потпиша во 2010 година.

Церемониите со портрети честопати им даваат можност на минатите претседатели да ја покажат нивната смисла за хумор.

„Задоволен сум што мојот портрет внесува интересна симетрија во колекцијата на Белата куќа“, се потсмеваше Буш на неговата церемонија во 2012 година.

Оваа традиција беше паузирана кога Доналд Трамп беше претседател.

Двајца портпароли на Трамп не одговорија на барањата за коментар зошто немаше церемонија на откривање портрети за Обама.

Колекцијата на портрети во Белата куќа започнува со Џорџ Вашингтон, првиот американски претседател. Конгресот го купи неговиот портрет.

Портретот на Вашингтон е во Белата куќа од 1800 година и беше отстранет за да се спаси од пожар за време на војната во 1812 година.

Други портрети на раните претседатели и први дами често доаѓаа во Белата куќа како подарок. Од 1960-тите, историското здружение на Белата куќа платило за повеќето слики.

XS
SM
MD
LG