Линкови за пристапност

Стратегиски комуникации против руски дезинформации


Propaganda trolling and broadcast on screen 3d illustration
Propaganda trolling and broadcast on screen 3d illustration

Војната со дезинформации е широко распоространета по воената агресија на Русија врз Украина. Таргет се сите држави членки на НАТО но и државите со отворена поддршка за Украина за кои се бара и најмалата слабост за да се пласираат дезинформации изготвени во официјален Кремлин. Во Скопје ќе се одржи Конференција на Комуникатори на Алијансата


СКОПЈЕ - Македонската Армија е најслабата на светот и покрај тоа донира воена опрема за Украина, ниту се планира ниту ќе се изврши воена инвазија на Украина, во градот Буча не е извршен масакр врз цивилно население, специјаланата операција во Украина е насочена за заштита од НАТО и за денацификација на државата... Ова се дел од дезинформациите кои циркулираа низ домашната и светсата јавност а кои се дел од специјалната војна која официјална Моска ја води во моментов.

Таргет се државите членки на НАТО и Европската унија а се спроведува преку веб сајтови, медиуми и амбасадите на Русија. Се бараат слабости во државите, поделби и социјални немири кои потоа се таргет на дезинформациите, покажуваат анализите на комуникациските експерти на Алијансата.

Делумен успех е постигнат надвор но на внатрешен план мораше да се засили пропагандата, да се зголемат затворските казни и да се затворат медиуми и невладини организации за да се постигне бараниот ефект по нападот врз Украина.

Токму затоа комуникаторите во Алијасната имаат полни раце работа за да ја покажат и докажат вистинската слика во општеството но и за воениот судир во Украина.

За таа цел во Северна Македонија ќе биде домаќин на Конеференцијата на комуникатори на НАТО која ќе се одржи наредната недела во Скопје а на која ќе присуствуваат над 300 учесници меѓу кои и високи претставници на командата на Алијансата.

Целта на оваа конференција е усогласување и усовршување на стратегиската комуникација меѓу државите членки на НАТО како најдобро оружје против се поприсутните дезинформации напишани во Кремлин.

„Гледаме комуникациите како се користат како оружје. Комуникациите се користат против нашите сојузници во Алијансата и заедно мора да дискутираме и соработуваме за да ги надминеме и демаскираме овие дезинформации. За воените сојузи кохезијата е клучна за нивната сила. И кога ќе донесеме 300 претстваници на конференцијата покажува за нашето единство и сила“, изјави Џеј Џанзен, директорот на комуникации во Сојузничката команда за операции во НАТО.

Стратегиските комуникации, односите со јавност, информациските и психолошките операции ќе бидат темите на кои ќе се дебатира на Конференцијата како и информациските активности за време на војната во Украина.

„Две години по формалното членство во НАТО нам ни е доверена оваа одговорност. Ќе биде отворена интелектуална, стратегиска и политичка дебата од која треба да излезат практчни решенија за отворените прашања за стратегиските комуникации како алатка на лидерите и како и за одбрана и одвраќање на сите безбедносни ризици во државите членки на НАТО “, изјави Славјанка Петрова, министер за одбрана.

На конференцијата ќе бидат приустни и високи воени претставници на Украина, кои од прва рака ќе говорат за ситуацијата на форното но и на полето на војната со дезинформации како и претставници на Шведска, Финска и Молдавија.

XS
SM
MD
LG