Линкови за пристапност

Да се мисли на државните, а не на партиските интереси, порача германскиот пратеник Рот


Секој треба да си го постави прашањето – не како јас можам да ѝ помогнам на мојата партија, туку како можам да ѝ помогнам и придонесам за мојата земја, рече во Скопје претседателот на комисијата за надворешна политика во Бундестагот
Секој треба да си го постави прашањето – не како јас можам да ѝ помогнам на мојата партија, туку како можам да ѝ помогнам и придонесам за мојата земја, рече во Скопје претседателот на комисијата за надворешна политика во Бундестагот

Меѓународната заедница повикува на продолжување на ЕУ процесот чија натамошна динамика ќе зависи од уставните измени и вклучувањето на Бугарите. Одговорот од опозицијата, чија собраниска поддршка е неопходна, е „не прифаќаме“.

Михаел Рот, доскоро еден од првите луѓе во германската дипломатија, сега претседател на комисијата за надворешна политика во Бундестагот, испорача јасна порака до ВМРО-ДПМНЕ – да се мисли на државните, а не на партиските интереси.

„Се надевам дека сега во македонскиот парламент ќе може да се создадат предуслови за ангажирано да се продолжи со пристапните преговори. Знам дека на многумина не им паѓа многу лесно околу уставните измени, но секој треба да си го постави прашањето – не како јас можам да ѝ помогнам на мојата партија, туку како можам да ѝ помогнам и придонесам за мојата земја“, рече Михаел Рот, претседател на комисијата за надворешна политика во Бундестагот,.

Одговорот стигна брзо - од Антонијо Милошоски по неговата средбата на Михаел Рот.

„Ја искористив приликата да го повторам ставот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, дека сме против уцените од Бугарија за смена на Уставот, кој еминентниот германец Роман Херцог и французинот Роберт Бадентер го оценија со највисоки оценки“, напиша Милошоски на социјалните мрежи по состанокот со Рот.

За промена на тврдиот став на опозицијата не помогнаа ниту изјавите на Рот дека од уставните измени зависи приближувањето кон Брисел, ниту уверувањата дека ЕУ е семејство на вредности во кое никој нема право да се меша во нечиј културен идентитет.

Рот во Скопје, Османи и Ескобар во Блед
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:08 0:00

Токму компромисот меѓу Скопје и Софија, кој ги деблокираше евроинтеграциите, беше клучна тема на панелот „ЕУ и Западен Балкан“ на Бледскиот стратешки форум.

„Секако, не сите се согласуваат во Северна Македонија или пошироко надвор од Северна Македонија, велат дека моравме да платиме висока цена за почеток на пристапните преговори, но како што реков неодамна, времето ќе покаже дека оваа одлука била правна, стратешка и уште еднаш покажа дека Северна Македонија покажува континуирана будност кон дијалогот, кон културата на компромис, кон стратегиското одлучување и регионалната одговорност“, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На истиот форум, во однос на регионот, американската администрација порача дека корупцијата е еден од клучните проблеми и дека бранот иселувања не се должи на етничка нетрпеливост, туку на широко распостранетата корупција. Вашингтон гледа и друг проблем во процесот на проширувањето на Унијата кон Западен Балкан.

„Имаме добри примери на етничка соработка и помирување во регионот. Би сакал да се надградиме на тоа. Она што не ни треба е Балкан со две брзини – земјите од регионот кои се дел од НАТО да се движат многу побрзо, а останатите многу побавно“, рече Габриел Ескобар, заменик-помошник државен секретар на САД.

Во последниот период зачестија пораките на високи американски претставници за корупцијата како сериозен проблем. Амбасадорката Кејт Брнз во вчерашниот јавен настап изјави дека „владините лидери во земјава мора да одговорат на предизвиците поврзани со корупцијата, да продолжат со системските реформи кои ќе ги исполнат очекувањата на јавноста и ќе ги задоволат стандардите за членство во ЕУ“.

XS
SM
MD
LG