Линкови за пристапност

ЕУ ќе ги зголеми производството на оружје и обуката на украинските војници


Министри за одбрана на ЕУ во Прага, Чешка
Министри за одбрана на ЕУ во Прага, Чешка

Обезбедуваме толку многу капацитети за Украина што мораме да ги наполниме нашите залихи, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел

Министрите на Европската Унија денес дебатираа за начините да се зголеми производството на оружје, да се зајакне воената обука на украинските вооружени сили, како и да ѝ се нанесат поголеми трошоци на Русија, објави Асошиетед прес.

„Ги исцрпуваме нашите залихи. Обезбедуваме толку многу капацитети на Украина што мораме да ги наполниме нашите залихи“, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел, за новинарите во чешкиот главен град Прага, каде што претседава со дводневните разговори меѓу министрите за одбрана и за надворешни работи.

Целта на министрите за одбрана е да се најде начин како најдобро да се здружат воениот материјал и ресурси, но и да се купат на големо муниција и оружје, како што се системи за противвоздушна одбрана, кои на Украина и понатаму ѝ се потребни.

Тие, исто така, разговараат за тоа каква улога би можел да има блокот од 27 нации во обуката на новите украински регрути на европско тло, бидејќи жртвите се зголемуваат и ја исцрпуваат армијата од искусни војници, додека офицерите кои вообичаено би можеле да обезбедуваат обука се во битка.

Неколку земји веќе обезбедуваат воена обука на билатерална основа, но некои сметаат дека е важно да има заедничката тежина на напорите на ЕУ.

Холандија ја истакна новата обука за деминирање што ја обезбедува со Германија.

XS
SM
MD
LG