Линкови за пристапност

НАСА го откажа денешното лансирање на Месечината


Инженерите на американската вселенска агенција НАСА го откажаа лансирањето на новата ракета дизајнирана да испрати човечки екипаж на Месечината. Инеженерите на НАСА денес утрово работеа на неколку проблеми пред планираното лансирање на новата ракета.

Тимовите на НАСА успеаа да се справат со доцнењата поради бурата со грмотевици што помина над местото за лансирање во југоисточниот дел на Флорида, како и истекувањето откриено за време на операциите за полнење гориво.

Помошникот на директорот за лансирање на НАСА, Џереми Грабер, рече дека планираното лансирање во понеделник би можело да продолжи. Ако не, може да се случи уште еден обид во петок.

Тестот ја вклучува ракетата Space Launch System, најмоќната во историјата на НАСА, која ќе ја придвижува капсулата Орион без луѓе и екипаж за овој лет. Орион треба да ја обиколи Месечината и да се врати на Земјата, а целото патување ќе трае околу шест недели.

Доколку успее, НАСА планира да повторно да испрати ракета со астронаути околу Месечината во 2024-та година.

Лансирањето е дел од програмата Артемис на НАСА, која има за цел луѓето да одат на Месечината за прв пат од 1972-ва година.

НАСА, исто така, планира база на Месечината.

Некои информации во овој текст се од Асошиетед прес, Франс прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG