Линкови за пристапност

„Модерна“ го тужи „Фајзер“ за копирање на нејзината технологија за ковид вакцина


Портпаролката на „Фајзер“ одби да коментира, велејќи дека на компанијата не ѝ била доставена копија од судскиот спор
Портпаролката на „Фајзер“ одби да коментира, велејќи дека на компанијата не ѝ била доставена копија од судскиот спор

Производителот на вакцини на ковид-19 „Модерна“ ги тужи своите главни конкуренти „Фајзер“ и германскиот производител на лекови „Бионтек“, обвинувајќи ги дека ја копираат технологијата на „Модерна“ за да направат своја вакцина, објави Асошиетед прес.

„Модерна“ денес соопшти дека вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ ги прекршува патентите што „Модерна“ ги поднела пред неколку години за заштита на технологијата зад „Спајквакс“.

Компанијата поднесе тужби за прекршување на патенти во надлежните судови во САД и во Германија.

Портпаролката на „Фајзер“ одби да коментира, велејќи дека на компанијата не ѝ била доставена копија од судскиот спор.

XS
SM
MD
LG