Линкови за пристапност

Столтенберг и Трудо во посета на Арктикот да ја истакнат потребата од зголемена одбрана


ќе биде важно да продолжиме да инвестираме во одбраната за да бидеме сигурни дека сме способни да го заштитиме Арктикот, а потоа и Северна Америка и НАТО, рече канадскиот премиер
ќе биде важно да продолжиме да инвестираме во одбраната за да бидеме сигурни дека сме способни да го заштитиме Арктикот, а потоа и Северна Америка и НАТО, рече канадскиот премиер

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, вчера го обиколи канадскиот Арктик, поради зголемениот страв од засилување на Русија, вклучително и во регионот на Северниот Пол.

Премиерот на Канада Џастин Трудо и други високи канадски претставници, го придружуваа Столтенберг во неговата прва посета на канадскиот Арктик.

„Како што се соочуваме со променлив свет со нови геополитички закани, стратешки, Арктикот станува сè поважен. И да, за нас ќе биде важно да продолжиме да инвестираме во науката, да продолжиме да инвестираме во одбраната, за да бидеме сигурни дека сме способни да го заштитиме Арктикот, а потоа и Северна Америка и дефинитивно НАТО“, рече Трудо.

Посетата на Столтенберг го истакнува ставот на НАТО дека регионот е безбедносен приоритет за Алијансата, особено по руската инвазија на Украина и голема загриженост во поглед на климатските промени.

„Арктикот е важен за НАТО. Кога Финска и Шведска ќе се приклучат на НАТО, се надеваме дека наскоро, седум од осум арктички земји ќе бидат членки на НАТО. А тоа само ќе ја зголеми важноста на Арктикот за алијансата“, рече Столтенберг.

XS
SM
MD
LG