Линкови за пристапност

Путин ќе ја зголеми руската армија за 140.000 лица


Повеќето од новите позиции ќе бидат поврзани со борба
Повеќето од новите позиции ќе бидат поврзани со борба

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет за зголемување на бројот на руската армија за 140.000 лица, пренесува Ројтерс.

Уредбата ја одредува големината на руските вооружени сили на 2,04 милиони, вклучувајќи 1,15 милиони борбен персонал.

Повеќето од новите позиции ќе бидат поврзани со борба. Путин го потпиша указот денес кога војната во Украина влезе во седмиот месец.

Москва не открива податоци за жртви од раните недели на војната.

Украина соопшти дека нејзините сили убиле или раниле околу 45.000 руски војници од почетокот на инвазијата на 24 февруари.

XS
SM
MD
LG