Линкови за пристапност

Меѓународна заедница: Не се прифаќааат какви било насилни промени на границите


Меѓународната заедница ги интезивира повиците до Русија да ги прекине воените дејства во Украина
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:15 0:00

Меѓународната заедница ги интезивира повиците до Русија да ги прекине воените дејства во Украина

Меѓународната заедница ги интезивира повиците до Русија да ги прекине воените дејства во Украина, да се повлече од сите окупирани подрачја и целосно да го почитува меѓународното хуманитарно право. Пораките, испорачани на вториот самит на т.н. Кримска платформа, на кој учествуваше и Северна Македонија, доаѓаат во пресрет на утрешниот Ден на независност на Украина за кога се очекуваат можни нови руски напади.

„Мислам дека по Буча, Мариуопол, по бомбите што паѓаат врз Киев, Харков, Лвов и Ирпин. По руската агресија и унштувањето на Украина, треба јасно да кажеме дека Русија не само што треба да се врати назад од линијата пред 23 февруари туку и дека треба да го земе предвид правото на Украина да си ги ослободи сите свои територии, вклучувајчи го и Крим“, рече Анджеј Дуда претседателот на Полска.

Денеска, уште еднаш беше потврдено дека не се прифаќааат какви било насилни промени на границите.

„Меѓународната заедница никогаш нема да го прифати руското незаконско империјалистичко анектирање на украинска територија. Руската неоправдана агресија наиде на огромен отпор од украинските граѓани и ним им оддавам почит. Тие го отрлаат светот во кој силата е еднаква на правото, кога големите држави едноставно ги проголтуваат помалите земји“, рече германскиот канцелар Олаф Шолц.

Уверувањата на меѓународната заедница се дека помошта за Украина ќе продолжи се до нејзиното конечно ослободување. Истовремено се најавува интезивна асистенција за нејзина обнова и за разоткривање на сите прекршувања на човековите права во оваа војна.

„Мора да продолжиме да им ја даваме на нашите украински пријатели сета воена, економска, хуманитарна помош се додека Русија не ја прекине оваа ужасна војна и не ги повлече своите сили од Украина“, рече премиерот на Британија Борис Џонсон.

„ЕУ неуморно ќе работи заедно со украинските власти за разоткривање на прекршувањата на човековите права што се случуваат под руска окупација и одговорните за тие дела да бидат изведени пред лицето на правдата“, изјави претседателката на ЕК, Урсула Фон дер Лајен.

Директен повик до Руската Федерација за прекин на насилствата и неоправданата војна, како и за изнаоѓање мирни решенија упати и премиерот Димитар Ковачевски.

„Да, ние сме заедно и сме обединети во напорите за натамошна превенција на прекршувања на човековите права во Украина како начин за заштита на украинскиот народ од окупацискиот режим. Оваа манифестација на сила од една поголема кон друга помала земја, која е решена да ги споделува демократските вредности, е опасен пример кој не смее да стане практика. Оружјето треба да остане во историјата, дипломатијата е начинот за разбирање на дијалогот во 21 век зашто мирот е најјакото оружје на човештвото“, рече македонскиот премиер Димитар Ковачевски.

Северна Македонија досега, со три одлуки на владата, одобри воена помош и асистенција за Украина. Со објаснување дека станува збор за класифицирани информации засега не се открива што се е донирано, со исклучок на тенкови Т-72 за кои се појавија снимки од транспорот од земјава. Надлежните институции уверуваат дека се она што и е донирано на Украина не претставува нарушување на борбената готовност на армијата.

XS
SM
MD
LG