Линкови за пристапност

САД и Јужна Кореја почнаа заеднички воени вежби против заканите од Северна Кореја


Двајцата сојузници ги намалија или ги одложија вежбите од 2017 година, како дел од напорите да се привлече Северна Кореја на преговарачка маса и поради пандемијата на коронавирус
Двајцата сојузници ги намалија или ги одложија вежбите од 2017 година, како дел од напорите да се привлече Северна Кореја на преговарачка маса и поради пандемијата на коронавирус

САД и Јужна Кореја денес ги почнаа најголемите заеднички воени вежби во последните години за да се спротивстават на „заканата што се развива од Северна Кореја“, според јужнокорејските власти.

Вежбите меѓу САД и Јужна Кореја, кои ќе траат две недели, ќе вклучуваат програми за обука на терен кои симулираат различни сценарија, вклучително и одговор на севернокорејските напади врз виталната јужнокорејска инфраструктура.

Двајцата сојузници ги намалија или ги одложија вежбите од 2017 година, како дел од напорите да се привлече Северна Кореја на преговарачка маса и поради пандемијата на коронавирус.

Сепак, јужнокорејскиот претседател, кој ја презеде функцијата во мај, вети дека ќе ги зајакне вежбите за да ја одврати Северна Кореја, која изврши рекорден број лансирања на проектили оваа година.

Иако САД и Јужна Кореја велат дека вежбите се одбранбени, Северна Кореја ги прикажува како подготовка за инвазија и често ги користи како повод да го демонстрира сопственото оружје и да упатува други закани.

Оваа година, Северна Кореја изврши над 30 лансирања, вклучително и интерконтинентални балистички ракети дизајнирани да ги таргетираат САД.

Други тестови вклучуваат оружје со краток дострел, наменето за избегнување на ракетната одбрана на САД и Јужна Кореја.

Официјални претставници на САД и Јужна Кореја, исто така, велат дека Северна Кореја може да изврши седма нуклеарна проба во секој момент, што може драматично да ги зголеми тензиите на Корејскиот Полуостров. Северна Кореја нема тестирано нуклеарно оружје од 2017 година.

XS
SM
MD
LG