Според првичните резултати на Државната изборна комисија (ДИК) во советот на Тетово советнички места освоија шест партии: Беса - 12, ДУИ - 11, ВМРО-ДПМНЕ - 4, СДСМ - 2 и Алтернатива и ДПА по едно советничко место. Партиските лидери веднаш со барања за оставки, предвремени избори...
СКОПЈЕ - БЕСА го победи ДУИ на локалните избори за советници во Општина Тетово и ќе има најголем број на членови во Советот. Најголем губитник е Алијанса за Албанците која нема да има претставник како и независните листи на граѓаните.
Според првичните резултати на Државната изборна комисија (ДИК) БЕСА доби 9.620 гласа и освои 12 советнички места. Потоа следува ДУИ со 8.702 гласа и 11 советнички места, ВМРО - ДПМНЕ освои 3.332 гласа и ќе има четвроица претставници во Советот, СДСМ со 1.953 гласа освои две советнички места а по еден советник ќе имаат Алтернатива со 1.118 гласа и ДПА со 1.058 гласа.
Споредено со претходниот состав на советот на Тетово, победник е БЕСА која тогаш имаше 8 советници а сега има четири повеќе, како и ДУИ кои имаше 10 советници а сега еден повеќе. Алијанса во минстиот состав имаше тројца советници а сега не освои ниту еден како и ДПА кој загуби едно место. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ стануваат како претходно, со четири односно два советника. Во Советот сега влегува Алтернатива со еден советник
Изборите за советник имаа исклучително мал одзив кај тетовци па своето право на глас го остварија само27.776 или 33.04 отсто од вкушниот број на гласачи.
Актуелниот градоначалник на Тетово и лидер на БЕСА, Биљал Касами, ја прослави победата на градскиот плоштад и побара предвремени избори.
„За краток период двапати ја победивме ДУИ и секако дека легитимитетот на Албанците во Северна Македонија, кој потекнува од тука, покажува дека веќе не се со ДУИ. Бараме предвремени избори што е можно поскоро“, рече Касами.
И од опозициската ВМРО - ДПМНЕ оценија дека со четри осовени советнички места се победници на овие избори и побараа оставка од премиерот КОвачевски и предвремени избори.
„ ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ, а БЕСА ја победи ДУИ во Тетово. Владејачката коалиција нема никаков легитимитет да продолжи да ја води државата. Очекуваме Ковачевски да го признае поразот и да си поднесе оставка веднаш. Само предвремени парламентарни избори се решение. СДСМ и ДУИ владеат без поддршка од народот, и работат само за себе и своите криминални дилови“, сооптија од партијата.
Во Маврово - Ростуше кандидатот на СДСМ, Медат Куртовски, ќе биде идниот градоначалник на Оптштината. Тој на вчерашните избори освои 3.266 гласа и го победи противкандидатот од редовите на ВМРО -ДПМНЕ, Мевмед Џафери, кој освои 1.935 гласа.
На изборите во оваа општина своето право на глас, според ДИК, го остварија 54,24 отсто од запишаните избирачки во изборачкиот список.
Во Центар Жупа пак вчера, по два неуспени изборни процеси, беше обезбеден минималниот цензус од една третина од вкупниот број избирачи и оваа општина го доби старо новиот градоначалник Аријан Ибраим Демократската партија на Турците во Македонија (ДПТМ) кому ова ќе му биде трет мандат на градоначалничката функција а кој беше единствен кандидат на изборите.
За Ибраим од регсистрираните 7.154 гласачи гласале 3.340 или 47 отсто а 55 гласачки ливчиња беа неважечки.