Линкови за пристапност

Крајна цел е да ги вратиме границите на Украина од 1991 година, рече министерот за одбрана Резников


Украинскиот план е целосна ослободување на териториите окупирани од Руската Федерација и враќање на меѓународно признатите граници од 1991 година, а не од 2014, ’15., и не од 24 февруари 2022 година, рече тој
Украинскиот план е целосна ослободување на териториите окупирани од Руската Федерација и враќање на меѓународно признатите граници од 1991 година, а не од 2014, ’15., и не од 24 февруари 2022 година, рече тој

Украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников рече дека целта на неговата земја во војната со Русија е целосна победа и обновување на границите на Украина од 1991 година.

Тој оваа недела разговараше со Руслан Петричка од Украинската редакција на Гласот на Америка, за случувањата во земјата по руската инвазија на почетокот од оваа година.

Глас на Америка: Каква цел си поставува Украина во војната со Русија?

Резников: Украинскиот план е целосна ослободување на териториите окупирани од Руската Федерација и враќање на меѓународно признатите граници од 1991 година. Не 2014, ’15. Не 24 февруари 2022 година. Крајната цел е победата на Украина и нејзиното враќање во нејзините граници од 1991 година. Ова е главниот план. Можно е „ладење“ на воената ситуација. Не гледам можност за „замрзнување на она што луѓето го нарекуваат конфликт, затоа што тоа не е конфликт. Тоа е војна. Ова е отворена војна меѓу две редовни армии, а една војска ја нападна територијата на својот сосед без никакво легитимно објаснување или право да го стори тоа. Затоа, оваа војна е за опстанок. Ќе се браниме за да преживееме.

Глас на Америка: Според вашата проценка, колку борбени трупи имаат руските сили во близина на границите на Украина или на окупираните територии?

Резников: Можеби грешам, но според последните воени извештаи, се чини дека има околу 115 таканаречени баталјонско-тактички групи, од кои 105 се активно распоредени, а 10 се на ротација за надополнување или одмор. Збирно, има до 135.000 луѓе.

Глас на Америка: Каква нова воена опрема очекувате да добиете од САД и другите западни земји?

Резников: Секако очекуваме поддршка и помош од нашите партнери. Се надеваме дека ќе биде донесена политичка одлука да ни дадат Армиски тактички ракетен систем што ќе ни овозможи да погодиме цели до 300 километри. Ова, исто така, ќе ни овозможи да зачуваме повеќе животи на нашите војници, мажи и жени, и да нанесеме многу успешна штета. Се надеваме дека конечно ќе добиеме западни авиони кои ќе ни овозможат да доминираме на небото поради нивните подобри радари, домет, маневрирање и брзина. И секако, предност би ни дало и примањето тенкови. Денес, современиот свет може лесно да ни обезбеди технологија за да ја обезбеди нашата победа и да компензира за нерамнотежата во работната сила меѓу Русија и Украина.

XS
SM
MD
LG