Линкови за пристапност

Мислам дека ќе биде тешка зима за Европа, рече секретарката за енергетика на САД


Ако сакаме да бидеме енергетски безбедни и енергетски независни, тоа значи дека треба да произведуваме сопствена енергија, Џенифер Гранхолм
Ако сакаме да бидеме енергетски безбедни и енергетски независни, тоа значи дека треба да произведуваме сопствена енергија, Џенифер Гранхолм

Пред речиси една година, американската секретарка за енергетика Џенифер Гранхолм предводеше делегација во Киев за да присуствува на прославата на 30-годишнината од независноста на Украина.

Речиси шест месеци откако Русија ја нападна Украина, Јулија Иармоленко од Украинската редакција на Гласот на Америка, Јулија Иармоленко, седна со Гранхолм да разговара за тоа како руската војна во Украина влијаеше на европската енергетска безбедност, што можат да направат САД за да помогнат да се стабилизира ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје и што е идната соработка меѓу САД и Украина во енергетскиот сектор.

Ова интервју е едитирано заради јасност.

Глас на Америка: Да почнеме со ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје. Знаете дека руските трупи ја презедоа контролата врз оваа електрана, најголемата нуклеарна централа во Европа, во првите денови од војната. По неодамнешните извештаи за гранатирање, Украина бара демилитаризирана зона околу централата и нови санкции против Русија за, како што рече претседателот Зеленски, „нуклеарна уцена“. Колку сте загрижени за оваа ситуација? И што можат САД да направат за да помогнат да се стабилизира?

Гранхолм: Прво, се согласуваме со демилитаризацијата. Не треба да има воени активности околу нуклеарна централа, точка. Тоа е исклучително опасно. Ние ја следиме ситуацијата многу внимателно. Има сензори кои се во регионот кои нашите научници ги следат. Силно го осудуваме она што го направи Русија. Сакаме да ја вратат контролата на фабриката на Украинците. Ние сме многу благодарни на работниците во фабриката, кои продолжија да работат и продолжуваат да се обидуваат да се придржуваат до правилата за безбедност. Но, ние сакаме да има пристап Меѓународната агенција за атомска енергија за да може да помогне во безбедноста, да може да следи, да се увери дека се вградени протоколите за безбедност. И, знаете, тоа сè уште не се случило. Затоа ја повикуваме Русија да ја врати контролата на Украинците.

Глас на Америка: Дали има алатки што меѓународната заедница може да ги искористи за да ги натера руските сили да ја напуштат централата? И ако електраната остане под руска контрола, може ли некој да биде сигурен дека Европа нема да види нова нуклеарна катастрофа?

Гранхолм: Јасно е дека никој не сака да го види тоа да се случи. Мислам, ќе има последици што би можеле да ја оштетат и Русија. Затоа, тие мора да разберат колку е сериозно ова. САД очигледно стојат со Украина и ќе продолжат да ја поддржуваат Украина со помош. Ја поддржуваме демилитаризацијата. Се разбира, претседателот Бајден рече дека нема американски војници на теренот, но преку нашите сојузници и со нашите сопствени ресурси, ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина.

Глас на Америка: Уште пред војната, експертите предупредуваа оти Русија ја користи енергијата како оружје...

Гранхолм: Да.

Гласт на Америка: Тие ги повикуваа европските лидери да ги диверзифицираат своите извори на енергија за да ја намалат зависноста од руската енергија. Сега Европа се подготвува за многу тешка зима. Дали мислите дека европските земји ќе можат да увезат доволно гас од други извори, вклучително и од САД, за да го надополнат недостигот?

Гранхолм: Пред сè, мислам дека тие треба да имаат повеќестрана стратегија ... диверзификацијата на нивните извори на гориво е една од тоа. Значи, и диверзификацијата од каде го добиваат горивото, но и диверзификацијата во чиста енергија за да се декарбонизира нивната мрежа, да се распореди чиста и да се намали нивната употреба на енергија. И тие се движат кон сите тие стратегии. САД, се разбира, претседателот се обврза да испрати повеќе течен природен гас. Работиме заедно со Европејците на голем број технологии за да можеме да ја намалиме нивната употреба на енергија и да генерираме чиста енергија. Но, искрено, оваа инвазија на Русија е пример зошто земјите треба да се оддалечат од нестабилноста на горивата од земји кои немаат наши интереси. И од нестабилноста на фосилните горива. Ако сакаме да бидеме енергетски безбедни и енергетски независни, тоа значи дека треба да произведуваме сопствена енергија. Мојот колега во Ирска, тамошниот министер за енергија, рече дека никој никогаш не го вооружил пристапот до сонцето. Никој никогаш не го вооружил ветрот. Можеби потегот кон чиста енергија ќе биде најголемиот мировен план што светот некогаш го знаел.

Глас на Америка: Ќе биде ли тешка зима за Европа?

Гранхолм: Мислам дека ќе биде.

XS
SM
MD
LG