Линкови за пристапност

Преспанско Езеро секојдневно умира пред очите на сите


Жителите на Преспа и туристите, кои го посетуваат овој замрен туристички регион во државата, велат дека секој ден гледаат како пред очи им се губи Преспанското Езеро. Велат дека се немоќни како поединци да преземат ништо. Бараат државата и институциите да преземат итни мерки за спас на второто по големина езеро во земјава, додека не биде доцна.

„Секоја година се повлекува се повеќе и повеќе. Овде во автокампот Крани имаме приколка и затоа не загрижува состојбата. Пред десет години, водата беше до долу, каде што е капијата, а сега.... Стравуваме за состојбата со езерото, бидејќи секоја година има се помалку и помалку вода, а никој не се грижи“, вели еден турист.

„Што мислите умира ли полека Преспанското Езеро?

Да умира. Кога дојдовме првата година, езерото беше до капијата, до влезот. Од тогаш за десет години е многу повлечено. Имаше мост, децата скокаа, се капеа, се беше поубаво. Нешто треба да преземат, но не знам што. Овде постарите што ги слушаме, кажуваат дека ја испуштале водата во Охридско Езеро, некои велат дека самото од себе се повлекува. Нас ни е убаво и поради воздухот и поради тоа си и доаѓаме но, ќе видиме до каде ќе оди“, вели еден турист.

Туристи кои летуваат во автокампот Крани, некогаш едно од најатрактивните авто камп летувалишта во земјава, ги продаваат камп приколките, затоа што езерото е толку многу повлечено, што за да дојдат до плажата потребно е да пешачат еден и пол километар.

„Умира и тоа многу. За седум дена, 60 сантиметри, колку што јас сум тука е повлечено езерото. И, тоа со сигурност се губи. Додека власта не преземе нешто езерото отиде. Пред неколку години беше до горе. Ова зеленило беше се во вода. Таму горе се сончаме. Ете толку се повлекло. Ни плажата не е како што треба, туку доаѓаме поради мир и тишина“, вели еден турист.

„Бара ќе биде за некоја година, штом не се одржува така е. Владата треба да преземе нешто, ако сака луѓето да не одат надвор, да ги остават парите тука. А тие не преземаат ништо. Само си гледаат приватен бизнис. Ќе дојдат во фотелји и завршена работа. Жена ми читаше дека во Албанија оди езерото“, вели еден турист.

„Местото се вика Казан и по мое мислење треба нашата Влада да направи една брана и со тоа ќе има нормален истек на нашето езеро. Водата да остане тука, а не да оди во соседството. Езерото, ако дојдам до година, кај онаа скокалница, децата каде скокаат, едно 20 метри пак ќе се повлече“, вели еден турист.

Стотина метри е потребно да се пешачи и во вода, за да дојдете до одредена длабочина соодветна за капење.

„Многу е повлечено. Нема толку туристи. Запуштено е. И секој ден се повлекува. Властите да поведат ред, за да остане ова наше богатство. Ова е македонско богатство. Сто метри треба да пешачиш, за да отидеш во подлабоко, за да можеш да се капиш. Тоа не е добро. Секој ден е се помало и помало“, вели еден турист.

XS
SM
MD
LG