Линкови за пристапност

Бајден да ги исполни целите за приемот на бегалци во САД на 125.000 за 2022 година


Повеќе од 200 државни и локални функционери од 40 американски држави и една територија потпишаа писмо до американскиот претседател Џо Бајден во кое го повикуваат да ги исполни своите цели за преселувањето на меѓународни бегалци во САД.

Писмото е изготвено од „Refugee Advocacy Lab“, непрофитна хуманитарна група, која работи во соработка со глобалната група „Refugees International“. Групата, во своето писмо, забележува дека кризите во Украина, Авганистан и другите нации предизвикаа глобална миграциска криза „од историски размери“ која бара смело лидерство и иновативни решенија.

Агенцијата за бегалци на Обединетите нации проценува дека 100 милиони луѓе ширум светот се насилно раселени; Од нив 27,1 милиони се регистрирани како бегалци. Повеќе од половина од тие бегалци се деца.

Во писмото се поздравува посветеноста преземена од претседателот Бајден и неговата администрација за поставување на цел за зголемување на приемот на бегалци во САД на 125.000 за фискалната 2022 година. Тие забележуваат во 2021 година - 11.411 бегалци преселени во нацијата - најниско во која било година досега.

Тие се критички настроени кон неодамнешното насочување на САД кон понудата на „привремени патишта“ за преселување, како што беше забележано при евакуацијата на Авганистанците од страна на САД. Во писмото се вели дека преселувањето „на бегалците им нуди важен постојан пат кон безбедноста“.

Од воспоставувањето на американската програма за бегалци во 1980 година, се забележува во писмото, Соединетите држави секоја година примаат најголем број бегалци во светот годишно, до последните години.

Тие велат: „Сега, повеќе од кога било, треба да ја обновиме оваа посветеност во услови на невидени околности“.

XS
SM
MD
LG