Линкови за пристапност

Бајден ќе биде домаќин на самит во септември, насочен кон насилство предизвикано од омраза


ВАШИНГТОН, (Ројтерс) - Американскиот претседател Џо Бајден ќе биде домаќин на самитот на Белата куќа во септември за да се спротивстави на ефектите од насилството поттикнато од омраза врз американската демократија и да ги истакне активностите на неговата администрација за намалување на насилството со оружје, соопшти денес Белата куќа.

Самитот на 15-ти септември, наречен „Обединети стоиме“, ќе ги собере официјалните лица, верските водачи и групите за граѓански права каде главниот говор ќе биде оној на Бајден, кој ќе ја претстави заедничката визија за пообединета Америка, изјави портпаролката на Белата куќа, Карин Џин.

„И покрај тоа што нашата нација претрпе вознемирувачка серија напади поттикнати од омраза, од Оук Крик до Питсбург, од Ел Пасо до Павеј, од Атланта до Бафало, Американците остануваат обединети во своето противење на таквото насилство“, рече Жан-Пјер.

Бајден се обидува да ги истакне неговите неодамнешни законодавни победи, вклучително и законот за безбедност на оружјето што го потпиша во јуни, пред конгресните избори во ноември.

Повеќето прогнозери им даваат голема шанса на републиканците да го заземат Домот како и Сенатот кој сега е под контрола на демократите. Контролата на републиканците на еден или на двата дома може да спречи голем дел од законодавната агенда на Бајден да биде спроведена во втората половина од неговиот четиригодишен мандат.

XS
SM
MD
LG