Педесет лета Струга е домаќин на еден од најстарите меѓународни ракометни турнири во Европа, но единствен по тоа што се одржува на отворено на ракометното игралиште во непосредна близина на Охридското езеро. Бројни ракометари и екипи од европскиот и светски ракометен крем, изминатиот половина век продефилирале на овој голем ракометен настан.
„Љубовта на струшките ракометни работници и струшки пријатели на турнирот не престана. Без престан дојде до овој континуитет, а ние годинава славиме 50 години на струшкиот турнир. Поминати се доста европски шампиони, доста шампини од пораншената југословенска држава, домашни шампиони и многу, многу екипи. Престиж е едноставно да се учествува на овој турнир, затоа што е единствен на отворено игралиште. Таа магија ги влече екипите за учество“, вели Кирчо Јованоски, претседател на организационен одбор на меѓународниот ракометен турнир во Струга.
На овој ракоменте терен, првите чекори ги направиле сегашниот и поранешниот македонски репрезентативец во ракомет, Велко Маркоски и Наумче Мојсовски.
„Тогаш беше друг период. Немаше вакви услови како сега. Секој ден борба. Но еве ние издржавме. И се надевам дека овие нови, млади генерации кои имаат подобри услови, ќе бидат подобри ракометари“, вели Велко Маркоски, македонски репрзентативец во ракомет.
„Да, првите чекори ги направив овде. Сите стружани, сите струшки ракометари кои потекнуваат од оваа школа, првите чекори ги направиле токму овде. Многу е подруго сега. Тогаш подруго се играше ракометот. Друго беше. Но, гледам љубовта и желбата кај стружани е огромна. Ова е расадник на ракометот во Македонија“, вели Наумче Мојсовски-поранешен репрзентативец.
Организаторите велат дека после 50 години, подигнати се критеримите како понатаму.
Веќе имаме најава за следната година од сега, да се организира максимално подобро со шпански и германски екипи, како Киелце, Веспрем и сите останати, кои го сочинуваат кремот на европскиот ракомет“, додава Мојсовски.
A, струшкиот меѓународен турнир е помеѓу малкуте манифестации во државата, кој може да се пофали, со така долг период на опстојување. Годинава во Струга се присутни осум екипи. Пет македонски, Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел, Алкалоид и домаќонот Струга и три странски екипи, Аек од Грција, Татран Прешов од Словачка и Цеље од Словенија.