Линкови за пристапност

Владата смета дека е рано да се зборува за уставни измени за евроинтеграциите


Што мисли владата за уставните измени?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:24 0:00

Владата смета дека засега е рано да се зборува за уставни измени неопходни за продолжување на наредните фази од евроинтеграциите. Процедурата во собранието ќе почне во некоја понатамошна фаза – е одговорот од владата за потенцијалната временска рамка за вметнување на Бугарите во Уставот што е услов за одржување на втората Меѓувладина конференција со ЕУ. За успешни уставни измени, кои се носат во 3 фази, неопходно е двотретинско парламентарно мнозинство – нешто што владејачката коалиција го нема. Во владата се надеваат дека ВМРО-ДПМНЕ барем еднаш, како што велат, ќе даде поддршка за стратешките цели на земјата.

„Ние како Влада ќе понудиме платформа за поддршка на европските интеграции и сигурен сум дека ќе има можност таа платформа да ја подржат широк консензус на пратеници во Собранието. Нема да биде едноставно, овој притисок и премногу пропаганда и лажни вести поврзани со договорот со Бугарија. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски треба еднаш да дадат поддршка на нашите стратешки цели. Го пропуштија тоа за НАТО, што е жално за сите нас, но не би требало да го пропуштат за ЕУ. Се надевам дека ќе смогнат сили или како партија или како политички структури да дадат поддршка за овој процес. Ние се уште немаме временска рамка, скринингот ни остава доволно простор да делуваме“, рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

Ставот на опозицијата е дека треба веднаш да се свика собранието со уставни измени на дневен ред – ако нема мнозинство од 80 пратеници да се оди на предвремени парламентарни избори.

„Повеќе од јасно е дека премиерот се плаши затоа што знае дека доколку го стави предлогот на гласање и не помине, следното што треба да го направи е да се распушти парламентот и да побара парламентарни избори, а повеќе од јасно му е дека народот ќе гласа против и ќе треба да си заминат. Затоа и го одби предлогот на претседателот Христијан Мицкоски“, рече Гордана Димитриеска-Кочоска.

По објавувањето на усогласените препораки меѓу Скопје и Софија во делот на чествување на историски личности и корекции на учебници ВМРО-ДПМНЕ продолжува да тврди дека се направени отстапки на штета на македонска страна. „Станува збор за реципроцитетни обврски кои ќе важат за девет земји“ – е одговорот од владата.

„Со Протоколот што е потпишан минатиот месец, Владите имаат обврска во рок од две години откако се постигнати некакви резултати и објавени, да ги спроведат. Секако тоа оди во фази и низ филтрите на институциите. Она што е задача на Комисијата е да утврди точки и наратив текстови за заедничко чествување и за евентуална корекција во учебниците. Притоа да не заборавиме, тој текст којшто е договорен и Бугарија и Северна Македонија подеднакво имаат обврска да го имплементираат во својот систем и тоа функционира на принцип на реципроцитет, односно важечка е само доколку заедно ги имплементираме во двата системи“, додаде Маричиќ.

Пред два дена заедничката македонско-бугарска- историска комисија ги објави усогласените препораки – заедничко чествување на св. Кирил и Методиј, св. Наум Охридски, св. Климент Охридски и цар Самоил, како и по пет корекции на историските учебници за 5 клас во Бугарија и за 6 одделение во земјава кои го опфаќаат периодот на антиката.

XS
SM
MD
LG