Линкови за пристапност

Иран негира дека е поврзан со нападот на Ружди


Портпаролот на Иранското министерство за надворешни работи изјави оти никој „не заслужува вина и обвинувања освен самиот тој и неговите поддржувачи“
Портпаролот на Иранското министерство за надворешни работи изјави оти никој „не заслужува вина и обвинувања освен самиот тој и неговите поддржувачи“

Иранското министерство за надворешни работи денес негираше каква било иранска вмешаност во прободувањето на авторот Салман Ружди.

Портпаролот на Министерството изјави за новинарите дека Иран смета оти никој „не заслужува вина и обвинувања освен самиот тој и неговите поддржувачи“.

Менаџерот на Ружди вчера рече дека иако авторот се соочува со долго закрепнување, неговата „состојба е во вистинска насока“.

Синот на Ружди, Зафар Ружди, во изјавата рече: „Иако повредите кои му го менуваат животот се тешки, неговата вообичаена бурна и пркосна смисла за хумор останува недопрена“.

Ружди беше избоден во неделата кога требаше да одржи говор за уметничката слобода во Њујорк.

Хади Матар, човекот обвинет за нападот на Ружди, во саботата се изјасни за невин по обвиненијата за обид за убиство и напад. Тој е задржан без кауција.

Објавувањето на книгата на Ружди „Сатански стихови“ во 1988 година го поттикна ајатолахот Рухолах Хомеини, врховниот водач на Иран во тоа време, да издаде декрет за убиство на Ружди и секој вклучен во објавувањето на книгата, бидејќи темата се сметаше за богохулење на Исламот.

Ружди живеел во изолација околу девет години по издавањето на овој декрет, но оттогаш живее поотворен живот.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Ројтерс и Франс - прес

XS
SM
MD
LG