Линкови за пристапност

Осум бродови со жито испловија од украинските пристаништа


Во меѓувреме, уште два брода, кои превезуваа пченка и соја, тргнаа од пристаништата на Црното Море во Украина во понеделникот.
Во меѓувреме, уште два брода, кои превезуваа пченка и соја, тргнаа од пристаништата на Црното Море во Украина во понеделникот.

Првиот товарен брод што стигна до својата крајна дестинација по тргнувањето од Украина се закотви во Турција во понеделникот, соопшти Киев.

Украина, еден од најголемите светски извозници на жито, беше принудена да ги запре речиси сите испораки по руската инвазија, но извозот на Црното Море неодамна беше рестартиран според договорот постигнат со посредство на ОН и Турција.

Турскиот товарен брод - Поларнет пристигна во Турција според планираното, откако беше прегледан од Заедничкиот координативен центар (ЗКЦ) основан во Истанбул според меѓународниот договор потпишан минатиот месец, соопшти Киев.

Бродот го напушти украинското пристаниште Чорноморск минатата недела со 12.000 метрички тони пченка. Во меѓувреме, уште два брода, кои превезуваа пченка и соја, тргнаа од пристаништата на Црното Море во Украина во понеделникот.

Осум бродови ги напуштија украинските пристаништа од потпишувањето на договорот, соопшти Киев во понеделникот, и се надева дека меѓу три и пет брода ќе можат да испловуваат дневно во рок од две недели.

XS
SM
MD
LG