Граѓаните се потешко можат да врзат крај со крај со месечните примања и буџет. За само еден месец трошоците за живот скокнаа за 1,9 отсто а цените на мало за 2,5 отсто. Владата планира проширување на даночната основа за да го наполни Буџетот а засега нема никаква информација за најавените антикризни мерки кои треба да го олеснат секојдневието на граѓаните
СКОПЈЕ – Нов раст на инфлацијата измери Државниот завод за статистика (ДЗС). Граѓшаните со својот семеен Буџет се помалку се платежбно способни и можат да си дозволат се помалку продукти и производи. Според послениот извештај индексите за трошоци на живот и цените на мало во јули оваа година се за дури 16 отсто повисоки од оние во јули минатата година Ова е највисока стапка на инфлација измерена досега во земјава, откако во јуни беа пресметани 14,5 отсто.
Најголемо поскапување има кај транспортот со 24 отсто потоа се храната и безалкохолните пијалоци кои за само оедна година, од јули 2021 до минатиот месец поскапеле за дури 23,6 отсто. Двоцифрен раст на цените има и кај домувањето, електричната енергија, гасот и горивата кои се поскапи за дури 15 отсто.
Ако се споредат цените на маслото за готвење во јули оваа година и во јули минатата може да се забележи раст од неверојатни 55,4 отсто. Лебот за само една година е поскап за 33,4 отсто, горивата за 55,4 отсо а алкохолните пијалоци за 8,5 отсто.
Граѓаните секојдневно се соочуваат со нови центи на полицисите во маоректите и продавниците па така според статистика ако се споредат трошоците и цените за јули со оние од претходниот месец, јуни, поскапувањата се за 1,9 односно 2,5 отсто.
„Пораст на индексите на трошоците на животот во јули 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот и житата за 4.8 %, сирењето и урдата за 4.5 %, млекото за 3.6 %, свежото и разладеното овошје за 2.9 %, виното за 2.5 %, месото за 1.8 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи, жестоките пијалаци за 1.1 %, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1.0 %, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.4 % и кафето, чајот, какаото за 0.2 %“, стои во извештајот на ДЗС.
За еден месец за 4 отсто се повисоки и цените во угостителството. Ручек, вечера или прослава во кафеана или ресторан е на добар пат да стане луксуз за граѓаните бидејќи бранот поскапувања не ги одмина угостителските објекти каде само цените на храната во просек се покачени за 11,5 отсто споредено со истиот период лани
Минатиот месец, поскапе и струјата а се воведоа и тарифните блокови од кои зависи дали и колку ќе изнесува сумата која што на крајот од месецот граќаните ќе треба да ја одвојат од семејниот буџет за да ги подмират обврските кон ЕВН.
Од минатата недела, скопјани ќе плаќаат повисоки сметки на парно греење по одлуката на регулаторна за зголемување на цената за 14,18 отсто.
Поскапувањата продолуваат со несмалено темпо а од Владата останаа на најавата за нов пакет антикризни мерки без да прецизираат кои, за кого и од кога ќе стапат на сила но затоа сега се планира проширување на даночната основа, односно воведување на данок за нови категории со цел да се наполни Буџетот.