Линкови за пристапност

Блинкен во Јужна Африка по посетата на Лавров и Макрон


Блинкен се очекува да ги опише стратегиите на САД за субсахарска Африка
Блинкен се очекува да ги опише стратегиите на САД за субсахарска Африка

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера ја започна својата турнеја низ три држави во Африка со посета на музеј во Јужна Африка во чест на младите црни лица кои помогнаа да се стави крај на расистичкото владеење на белите.

Посетата на Блинкен на Африка се смета за дел од натпреварот меѓу Русија и западните сили за поддршка од африканските земји во врска со војната во Украина.

Неговото патување во Африка следи по неодамнешните турнеи на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и францускиот претседател Емануел Макрон.

Многу африкански земји задржаа неутрален став за војната во Украина и јавно не ја критикуваа Русија.

Денес Блинкен ќе разговара со својот јужноафрикански колега Наледи Пандор. Блинкен, исто така, ќе ги опише стратегиите на САД за субсахарска Африка во главниот политички говор на Универзитетот во Преторија.

Африка е тешко погодена од ефектот на глобалната пандемија на ковид-19 и зголемените цени на храната и нафтата предизвикани од руската војна во Украина.

Блинкен и Пандор денес ќе одржат прес-конференција на која се очекува да бидат видливи различните позиции на двете земји за војната во Украина.

Блинкен ќе продолжи со посета на Конго и Руанда оваа недела, со што ќе ја заврши својата меѓународна турнеја.

Извор: АП

XS
SM
MD
LG