Линкови за пристапност

Сенатот усвои закон за намалување на инфлацијата


Пред предлог-законот да стаса до претседателот Џо Бајден за потпис и да стапи во сила, Претставничкиот дом мора да го одобри - тоа гласање се очекува в петок.
Пред предлог-законот да стаса до претседателот Џо Бајден за потпис и да стапи во сила, Претставничкиот дом мора да го одобри - тоа гласање се очекува в петок.

Американскиот Сенат со просто мнозинство во неделата усвои мерка од 430 милијарди долари за борба против климатските промени, намалување на цените на лековите и зголемување на некои корпоративни даноци.

Додека сенаторите гласаа 50-50 по партиска линија за нацрт-законот познат како „Закон за намалување на инфлацијата“, потпретседателката Камала Харис го имаше одлучувачкиот глас ЗА.

„Сенатот испишува историја. Уверен сум дека Законот за намалување на инфлацијата ќе опстои како еден од најголеми подвизи на 21 век. Со него ќе се намали инфлацијата, ќе се намалат трошоците, ќе создаде милиони добро платени работни места и е најхрабриот климатски пакет во историјата на САД. Овој предлог-закон ќе ја започне ерата на прифатлива чиста енергија во Америка“, рече Чак Шумер, лидер на мнозинството во Сенатот.

Републиканците тврдеа дека нацрт-законот нема да се однесува на инфлацијата, велејќи дека тоа ќе биде мерка за кратење на работните места, листа на желби за трошење на тврдокорните левичари што може да го поткопа растот, додека економијата паѓа во рецесија.

Пред предлог-законот да стаса до претседателот Џо Бајден за потпис и да стапи во сила, Претставничкиот дом мора да го одобри - тоа гласање се очекува в петок.

Демократите го одобрија нацрт-законот користејќи маневар за парламентарно „помирување“, со што се избегнува прагот на одобрување од 60 гласа од 100, неопходно за усвојување на повеќето закони.

XS
SM
MD
LG