Линкови за пристапност

Израел рече дека целосно ќе ги отвори премините кон Газа доколку продолжи мирот


Египет помогна да се постигне прекин на огнот вчеравечерта за да се стави крај на борбите во Газа меѓу Израел и Исламскиот џихад
Египет помогна да се постигне прекин на огнот вчеравечерта за да се стави крај на борбите во Газа меѓу Израел и Исламскиот џихад

Израел денес делумно ги отвори премините во Газа за хуманитарни потреби, бидејќи се одржува прекинот на огнот меѓу Израел и палестинската милитантна група Исламски џихад.

Израел соопшти дека целосно ќе ги отвори премините доколку продолжи мирот.

Египет помогна да се постигне прекин на огнот вчеравечерта за да се стави крај на борбите во Газа меѓу Израел и Исламскиот џихад.

Со прекинот на огнот завршуваат најтешките борби во Газа по 11-дневната војна меѓу Израел и Хамас минатата година.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека најмалку 31 лице се убиени во израелските воздушни напади, меѓу кои шест деца, додека Израел вели дека не е одговорен за најмалку девет од смртните случаи.

Во меѓувреме, Кина, Франција, Ирска, Норвешка и Обединетите Арапски Емирати побараа денес затворен состанок на Советот за безбедност на ОН на кој ќе се разговара за случувањата во Газа.

XS
SM
MD
LG