Линкови за пристапност

Блинкен: Реакцијата на Кина за посетата на Пелоси во Тајван е непропорционална и опасна

Според него, без оглед на тоа, реакцијата на Кина е толку непропорционална и опасна, со оглед на лансирање 11 балистички ракети, вклучително и над Тајван, испраќање на своите кинески воени бродови околу целиот Тајван.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во ексклузивно интервју за Гласот на Америка во хотелот Соха во Пном Пен, Камбоџа, откако присуствуваше на министерскиот состанок на Групата најразвиени азиски држави - АСЕАН и се сретна со овогодинешниот ротирачки претседавач на АСЕАН, премиерот Хун Сен од Камбоџа ја коментираше најновата напнатост меѓу Кина и Тајван.

Блинкен во Камбоџа.
Блинкен во Камбоџа.

Запрашан за посетата на спикерката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси на Тајван, по што беше најавувана и следеше остра реакција и одговор од Кина, секретарот Блинкен изјави дека Пелоси е од законодавна гранка на власта, која е независна гранка. „И, таа го има, го имаше тоа право да ја оствари таа посета бидејќи многу членови на нашиот Конгрес го посетија Тајван, вклучително и оваа година“, потсети државниот секретар.

Според него, без оглед на тоа, реакцијата на Кина е толку непропорционална и опасна, со оглед на лансирање 11 балистички ракети, вклучително и над Тајван, испраќање на своите кинески воени бродови околу целиот Тајван.

„Пет од проектилите што ги лансираше Кина паднаа во близина на Јапонија“, рече Блинкен и додаде дека од „земјите од целиот регион, вклучително и АСЕАН, кои објавија заедничка изјава, владее вистинска загриженост за тоа колку овие дејства можат да бидат дестабилизирачки и опасни“.

„Мислам дека е многу важно да се однесуваме одговорно“, рече првиот американски дипломат и потенцираше дека САД нема да се вклучат во какви било провокативни акции.

„Потребно е смирување на страстите“, рече Блинкен и додаде дека „тајванскиот теснец е од витално значење за речиси секоја земја во регионот“. „Толку многу трговија поминува таму, што доколку тоа се прекине, тоа би имало страшно влијание врз глобалната економија и врз заложбата на сите да закрепнат од ударот со пандемијата со Ковид-19“, рече Блинкен.

„Мислам дека е обврска на сите земји, САД, но и Кина, да се однесуваат одговорно и да не ја користат посетата на член на нашиот Конгрес како изговор за вклучување во потенцијално опасни и дестабилизирачки акции“, порача државниот секретар Антони Блинкен во интервју за Гласот на Америка за време на посетата на Камбоџа.

XS
SM
MD
LG