Линкови за пристапност

Рускиот суд ја осуди американската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер на девет години затвор


Гринер се соочуваше со потенцијална казна од 10 години затвор.
Гринер се соочуваше со потенцијална казна од 10 години затвор.

Рускиот суд во четвртокот ја осуди американската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер на девет години затвор, откако ја прогласи за виновна за намерно внесување канабис во Русија.

Нејзината пресуда би можела да го отвори патот за размена на затвореници меѓу САД-Русија, што ќе ги вклучи 31-годишниот спортист Русин, кој некогаш бил трговец со оружје. Гринер претходно го замоли на рускиот судија да не го „заврши нејзиниот живот“ со строга затворска казна за внесување канистри со масло од канабис во нејзиниот багаж пред да се расплаче пред Судот.

Гринер се соочуваше со потенцијална казна од 10 години затвор доколку биде осудена. Таа беше уапсена на московскиот аеродром во февруари со, како што признава, канистри со масло од канабис.

Адвокатите на Гринер тврдеа дека таа немала криминална намера и дека ѝ е препишан канабисот за лекување болка.

Американските власти велат дека таа била неправедно приведена.

Руските власти сметаат дека Гринер го прекршила рускиот закон.

Минатата недела, американскиот државен секретар Антони Блинкен го повика рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров да прифати размена на затвореници што ќе ги испрати Гринер и обвинетиот шпион Пол Вилан - за кој американските власти велат дека е исто така неправедно притворен, назад во САД.

Експерти запознаени со ова прашање велат дека предлогот на САД би вклучувал ослободување на трговецот со оружје Виктор Бут и негово испраќање во Русија.

Некои информации за овој извештај се од Асошиејтед Прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG