Линкови за пристапност

Мицкоски: „Бегството од референдум е бегство од народот и доказ за предавство на својата земја и народ“


Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање ја критикуваше Владата и владеачката коалиција за погрешни политики, економско и социјално уназадување и за предавство на државните интереси. Уставот нема да се менува нагласи Мицкоски

ТАШМАРУНИШТА - „Во овие пет години оваа власт е најразорната атомска катастрофа која Македонија во не само економски, туку политички контекст ја уназади децениски, правејќи штета по нашите стратешки позиции за кои ќе бидат потребни нови децении заедничка битка да се повратат“, кажа лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од струшко Ташмаруништа каде што традиционално го одбележуваДенот на Републиката - 2 август Илинден.

Своето обраќање Мицкоски го посвети на владеачката коалиција која ја обвини за предавство, криминал и понижување како и за сценарија за разединување на народот и весување на омраза и несогласувања.

„Референдумот за отфрлање на асимилацијата која тие ја прифатија, е добра можност оваа елита да покаже колку го вреднува ставот на народот дури и тогаш кога поинаку мисли од него. Бегството од референдум на Владата е бегство од народот и доказ за тоа колку големо предавство прават на својата земја и на својот народ. Референдумот е огледалото на нивната немоќ, на нивниот морален хазард, и за тоа како бегајќи од референдум сакаат преку трупа, жедни преку езеро, на мала врата да го пренесат народот без да имаат обѕири за тоа каква катастрофа прифаќаат.Н ародот да биде спокоен, без оглед на тоа што ќе смисли оваа власт како опструкција или отпор за референдумот, гаранцијата, блокадата и чувањето на уставот од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата се факт и тоа останува. Нема промена на уставот под овие околности, по ниту една цена“, рече Мицкоски.

Тој обвини за сценарија преку кои вината се префрла кај Европската Унија и кај опозицијата.

„Тоа е инженерингот што криминалната власта изминативе години го правеше. Преку платените гласноговорници обвинуваа и ја убедуваа јавноста дека ЕУ ни е виновна за неправдата создавајќи преку таквата кампања во народот гнев и недоверба кон ЕУ, а позади завесата го подготвуваа завршниот чин на предавството кое го завршија оваа година и се разбира во целиот тој период не престанаа да крадат и да го пљачкосуваат народот. Втората е да го нападнат ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата дека недоволно се бори за македонскиот национален идентитет преку сопствените инсталации во опозицијата и помеѓу македонскиот народ, а кои се ништо повеќе од полу свет“, кажа Мицкоски пред присутните.

Зборувајќи за моменталната состојба и положба на државата Мицкоски кажа дека се случува историско дежа ву на сите аспирации на дел од соседите но и продажба на Македонија одвнатре.

Од граѓаните побара да не ја губат надежта и да ја вратат енергијата за да се врати изгубеното и да се создава иднината бидејќи Илинден учи дека нема откажување бидејќи борбата е константна.

XS
SM
MD
LG