Линкови за пристапност

Поради војната се изгуби магијата на театарот, велат украинските актери на Охридско лето


Сигурен сум дека војната ќе заврши во наша корист, и тогаш ќе ја поставиме културата на уште повисоко ниво, вели актерот Владислав Красиков
Сигурен сум дека војната ќе заврши во наша корист, и тогаш ќе ја поставиме културата на уште повисоко ниво, вели актерот Владислав Красиков

„Би го цитирал Винстон Черчил, не знам колку е вистинита изреката што му се препишува кога прашува каква ни е ситуацијата со културата. Му одговараат, ние немаме пари за култура. Тој вели, зошто тогаш се бориме, зошто тогаш војуваме? Така и ние, ние водиме своја духовна борба на своето поле. Но, имаме надеж дека нашата културна порака, ќе ја слушне целиот свет. Сигурен сум дека војната ќе заврши во наша корист. И тогаш ќе ја поставиме културата на уште повисоко ниво“, вели актерот Владислав Красиков.

На актерите од Киевскиот академски регионален музички и драмски театар П.К „Саксагански“, кој со претставата „Кротењето на опаката“ од Вилијам Шекспир, настапуваат на Охридско лето, ова им е прв настап од почетокот на руската агрсија на Украина. Велат дека е многу тешко да се биде уметник во Украина овие неколку месеци.

„Што се однесува до другите театри во Украина, во поголемите градови како Лавов, Ивано Франковск, сите работат со вообичаен ритам. Под тој услов дека мора да поседуваат и скривници. Кога има повик за воздушна тревога, задолжително гледачите се спуштаат во скривници, а кога завршува тој сигнал за тревога, ние продолжуваме да ја играме претставата. Поради ситуацијата се губи малку магијата на театарот, но тоа е“, вели тој.

Виталиј Томњук, раководител на одделение за култура, националности и религии, вели дека од првиот ден на војаната, секој актер, костимограф, реквизитор, започнал со активности за да обезбеди што е можно побрза победа на Украина над руските агресори.

„Театарските работници во последните четири месеци имаат собрано над 40 тони хуманитарна помош за потребите на погодените градови. Актерите доаѓајки секој ден во театар не излегуваа на сцена, не ги читаа улогите, туку собираа и сортираа хуманитарна помош, прехранбени производи, приоритетни потреби за линијата на фронтот“, вели Томњук.

Инаку актерите од Украина во Охрид се без нивниот директор, кој од првите денови на војната се приклучил на украинските вооружени сили.

Од Охридско лето велат дека било многу тешко да се донесат гостите од Украина, но оти со помош на Амбасадата на Украина успеале да стапат во контакт со нив.

Театар од Украина на Охридско лето
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:43 0:00

XS
SM
MD
LG