Линкови за пристапност

Милиони Американци купуваат ливчиња за џекпот од над 1 милијарда долари


Ако никој не победи денес, следното извлекување е во вторник со уште поголема добивка
Ако никој не победи денес, следното извлекување е во вторник со уште поголема добивка

Со визија за безгрижен живот, милиони Американци купуваат ливчиња на лотаријата Мега милионс која вреди повеќе од една милијарда долари, доколку купувачот ја избере добитната комбинација од броеви.

Милиони луѓе вечерва ќе ги проверуваат своите ливчиња за да видат дали се најновиот милијардер во светот.

Наградата прерасна толку голема затоа што никој не ги одбра соодветните шест броеви за 29 последователни комбинации.

Шансите се мали. Еден од 302,5 милиони, но некој мора да го освои џекпотот на крајот.

Победникот има можност да ги прими парите како исплата во текот на неколку години или да земе помал паушал.

Повеќето избираат паушал, кој изнесува повеќе од половина милијарда долари по оданочување.

Ако никој не победи денес, следното извлекување е во вторник со уште поголема добивка.

XS
SM
MD
LG