Бирото за економски анализи на американскиот Оддел за трговија објави дека бруто домашниот производ на САД се намалил по сезонски приспособена годишна стапка од 0,9% во периодот април-јуни. Тоа следи по падот од 1,6% во првиот квартал годинава. Економската прогноза за два последователни квартали е традиционален репер за рецесија.
Американскиот претседател Џо Бајден и неговата администрација, сепак, го избегнуваат - рецесија - за да ја опишат состојбата на економијата на земјата.
„Ќе анализира Вол Стрит и експертите за тоа дали сме во рецесија. Но, ако го погледнете нашиот пазар на труд, потрошувачките трошоци, деловните инвестиции, ќе видиме знаци на економски напредок во вториот квартал“, изјави претседателот Бајден.
Зборувајќи со новинарите, секретарката за финансии Џенет Јелен рече: „Треба да избегнеме семантичка битка“ за тоа дали економијата е во рецесија. „Нашата економија останува еластична“, рече таа.
Но, Дезмонд Лахман, економист во Институтот Американ Ентерпрајз, изјави за Гласот на Америка дека „за јавноста , ние сме во рецесија бидејќи повеќето луѓе мислат дека рецесијата вклучува два последователни квартали негативен економски раст. И ние го имаме тоа во моментот во САД, рече Лахман.
Во меѓувреме, надворешни економисти и виши функционери од владата, даваат различни изјави. Не стивнуваат ниту критиките кон актуелната администрација.
„Белата куќа на Бајден може да игра игри со зборови и да се обиде да го искриви англискиот јазик како што смета дека е соодветно за да ја унапреди својата радикална и штетна агенда“, рече Стив Мур, економист во FreedomWorks, конзервативна групација за анализи.
„Она што оваа администрација не може да го промени е фактот дека довербата на американските потрошувачи продолжува да паѓа под надзор на Бајден. Американците се наголемо песимисти за состојбата на економијата на Бајден и ниту една игра на зборови околу дефиницијата за „рецесија“ не може да го промени тоа“, нагласи Мур.